Свети Ѓорѓи — главна селска црква во кумановското село Клечевце, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото на месноста Падина, околу која се наоѓаат селските гробишта.
Историја
На местото на денешната црквичка постоела стара црква, за која нема податоци кога е изградена и урната, но се претпоставува дека тоа се случило во отоманскиот период. Останале само ѕидови во висина од еден метар до земјотресот во 1963 година, кога била срамнета со земја.
Но, крстот од камен и ѕидовите биле видливи и со години се правеле напори да се возобнови стариот храм. На местото на црквата се наоѓа малата црквичка, која била изградена привремено до урнатините, ама никогаш не била осветена и покрај тоа што мештаните тука ги правеле сите обреди.
На 17 јануари 2023 година бил посветен камен-темелник на нова градба на црквата.
На 11 август 2024 година била осветена новата црква
Галерија
Поврзано Кумановско-осоговска епархија Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Клечовска парохија
Наводи
Надворешни врски
Клечевце