Народните музички инструменти во Македонија — книга напишана од Д-р Александар Линин и објавена во печатницата „Просвета“ (Куманово) во 1986 година. Книгата претставува монографско прикажување на народните музички инструменти во Македонија, каде е прикажана збирката на информации за разните инструменти во записите на историчарите, во фреските, иконите и резбите во црквите и манастирите, и во народните песни и преданија. Во книгата се толкува за проучувањето за народните инструменти и нивниот опис, каде е вметнато визуелно прикажување на инструментите преку слики и цртежи илустрирани од Ѓорѓи Здравев.
Историјата на инструментите Пред описите на инструментите се зборува за податоците од историчари и хроничари, со најран запис од Сидониј Аполинариј (датирајки од V век), каде кралот Теодорик му дава предност на гудачкиот инструмент „фидес“ над сите други инструменти. Исто така се споменува дека инструментите се појавуваат и во фрески и икони, а во поново време (XIX век - први 3 децении на XX век) повеќето дела спомнуваат едни инструменти, а поретко се спомнувале чалгаџииските и детските инструменти. Целта на оваа книга е да го опиши мнозинството инструменти во територијата на тогашната СР Македонија.
Поделбата на инструментите Кај содржината (стр. 141 - 142) може лесно да забележеме дека инструментите според начинот на свирење се поделени на:
Идиофонични
Штракалка Билија Ѕвонци и клопотарци Клепало Кречетало/Чкртало Прапорец Ќемане (од пченка)
Мембрафонични
Тапан Тарабука Дајре
Кордофонични
Канон Тамбура Литарка Иќителлија Чифттелија Четворка Бозук Шесторка Шаркија Лаута и уд (ут) Ќемане - гусла Ќемане - цигулка
Аерофонични
Свирка од лист Свирка од празово/кромидово перце Свирка од штичка Свирка од елипсеста/кружна плоча Пукало
Надолжни флејти и блок-флејти
Шупелка Кавал Дудук Двојанка
Цилиндрично-јазични инстр.
Свирка од трска (без двојно јазиче) Гајда (без двојно јазиче) Зурла (со двојно јазиче) Борија (со двојно јазиче)
Надворешни врски
Записот на епископот Сидониј Аполонариј за кралот Теодорик (стр. 504)
Категорија:Книги за Македонија