Македонски претседателски избори (2024) — седми по ред претседателски избори во Македонија. Претседателските избори кои се одржале на 24 април, и 8 мај, 2024 година истовремено со парламентарните избори. Гласачите избирале претседател со мандат од пет години. Актуелниот претседател Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, се кандидирал за реизбор. Неговиот противкандидат на претходните избори во 2019 година, професорката Гордана Сиљановска-Давкова, повторно се кандидирала за позицијата претседател. Ова бил првиот претседателски реванш во македонската историја, а Стево Пендаровски станал прв кој се кандидрал за претседател на три последователни изборни циклуси (изборите во 2014 и 2019). Заедно со претседателските избори во 2019 година, на овие избори имало најголем број на кандидати во првиот круг, вкупно седум.
ЕУ интеграциите, надворешната политика, Францускиот предлог и уставните измени, владеењето на правото, одбраната и безбедноста на државата, како и изборот на претседател да се одвива во Собранието се очекува да бидат водечки теми во кампањата.
По убедлива победа со освоени 561.000 гласови, победила професорката Гордана Сиљановска-Давкова и станала шести претседател во историјата на Република Македонија.
Вовед На претседателските избори во 2019 година победил Стево Пендаровски, кандидат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Тесно водејќи во првиот круг додека во вториот ја победил кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова со повеќе од 53 отсто од гласовите. Кампањата била обележана со потпишувањето на оспорениот Преспанскиот договор неколку месеци порано, одобрен на неуспешниот референдум во 2018 година. Потпишан од владата предводена од СДСМ, договорот бил силно оспоруван од ВМРО-ДПМНЕ, при што Гордана Сиљановска-Давкова за време на кампањите ветила дека ќе распише референдум за враќање на името „Македонија“. Со победата на Стево Пендаровски се ратификувала промената на името и имплементацијата на договорот, што и овозможило на владата на премиерот Зоран Заев да ја внесе земјата во НАТО на 27 март 2020 година и да го обнови процесот на пристапувањето во Европската унија.
На Македонските парламентарни избори во 2020 година победила коалицијата „Можеме“, составена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Движењето Беса. Ова било првпат од 2002 година СДСМ да излезе на врвот на ваков тип на избори. Овој настап сепак бил оквалификуван како тесна победа поради малата разлика во гласови и местата што ја делеле коалицијата од таа на „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Бидејќи ниту една партија немала апсолутно мнозинство, требало да се преговара за формирање на коалициска влада. Демократската унија за интеграција, која се наоѓала на третото место, се нашла на позицијата на креатор на владата, а со тоа туркала да го потврди своето барање во кампањата за добивање на функцијата претседател на владата или „Албанец премиер“, нешто што и Зоран Заев и Христијан Мицкоски го оцениле како неприфатливо.
По тешкиот пораз на Социјалдемократскиот сојуз на локалните избори, на 31 октомври 2021 година, Зоран Заев најавил намера да поднесе оставка од раководството на партијата и владата. Една недела подоцна, лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски најавил дека ќе поднесе предлог за гласање на недоверба со поддршка на Движењето Беса, досега член на парламентарното мнозинство, но не успеал со еден глас на гласањето во 11-ти ноември.
На 6 декември, Зоран Заев склучил договор со албанската Алтернатива за замена на Беса во парламентарното мнозинство, со што обезбедил стабилност на владината коалиција. Димитар Ковачевски бил избран во декември за претседател на СДСМ со комфорно мнозинство, а на 29 декември му бил доверен мандатот за состав на нова влада откако Заев и формално поднел оставка.
Тој ја презентирал својата програма и неговиот тим пред пратениците на 16 јануари 2022 година, кои му ја дале довербата со 62 гласа „за“.
На 28 јануари 2024 година, Талат Џафери станал технички претседател на владата на Македонија, првиот албанец во земјата што стигнал до таа функција. Тој бил избран од Собранието со 65 гласа за, 3 против и ниту еден воздржан. Џафери бил на чело на техничка влада која ја водел за сто дена, до парламентарните избори на 8 мај.
Изборен систем Според македонските закони, кандидатот за претседател можел да победи во прв круг доколку освоел над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Доколку ова не се случи, се одржува втор круг на избори, во кој се натпреваруваат двата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко.
Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.
Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години, а најмногу еден претседател може да биде на должноста два мандати.
Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, се спроведиле во среда, ден што Владата го прогласил како неработен. Исто така, овие избори се поклопиле со изборите за пратеници, а идентификацијата на гласачите повторно била со апарати за биометриска идентификација.
За изборите за претседател во Избирачкиот список биле запишани 1.814.317 избирачи. Дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица гласале ден пред изборите односно во вторник на 23 април.
Во дијаспората се спровело гласање во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во Абу Даби, Белград, Берлин, Берн, Бон, Брисел, Вашингтон, Венеција, Виена, Детроит, Загреб, Канбера, Копенхаген, Лондон, Љубљана, Минхен, Мелбурн, Њујорк, Осло, Париз, Прага, Рим, Стокхолм, Торонто, Хаг, Чикаго, Анкара, Варшава, Мадрид, Пекинг и Софија.
Кандидати Кандидат за претседател на Републиката можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.
ВМРО-ДПМНЕ на партиската конвенција во Скопје за свој претседателски кандидат ја избрале професорката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа ја добила довербата на 444 од присутните 448 делегати, друг кандидат немало. Сиљановска-Давкова била кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и на претходните избори во 2019 година. СДСМ на свој конгрес ја потврдиле кандидатурата за втор мандат за претседател на Стево Пендаровски.
Кандидати во прв круг +Кандидат, години, политичка партијаПоддржан одБр.Политички позицииОбјавена кандидатураНачин на кандидатураСтево Пендаровски () Независеналт=Stevo Pendarovski|144x144пксСДСМ1 Советник за национална безбедност Претседател на Државната изборна комисија Советник за национална безбедност и надворешна политика Пратеник во Собранието на РМ Претседател на РМ 28 февруари10.000 потписиЛДПДОМНСДППДТВМРО-НППОПГМСРМГордана Сиљановска-Давкова () Независна125x125пксВМРО-ДПМНЕ2 Член на Уставна комисија на Собранието на РМ Министер без ресор Пратеничка во Собранието на РМ 22 февруари30 пратенициСПМСтевчо Јакимовски () ГРОМалт=Stevco Jakimovski|134x134pxГРОМ3 Градоначалник на Општина Карпош Министер за економија Министер за труд и социјална политика 21 февруари10.000 потписиИнтеграБујар Османи () ДУИалт=Bujar Osmani|133x133пксДУИ4 Министер за здравство Вицепремиер задолжен за европски прашања Министер за надворешни работи 22 февруари10.000 потписиБилјана Ванковска () Независнаалт=BiljanaVankovskalevica|150x150пксЛевица5 Нема (професорка на Филозофскиот факултет во Скопје)7 февруари10.000 потписиАрбен Таравари () Алијанса за Албанцитеалт=Arben Taravari|133x133пксАА6 Министер за здравство Градоначалник на Општина Гостивар 15 февруари10.000 потписиБесаАлтернативаДемократско движењеМаксим Димитриевски () ЗНАМалт=Максим Димитриевски|120x120пксЗНАМ7 Претседател на совет на Општина Куманово Пратеник во Собранието на РМ Градоначалник на Општина Куманово 22 февруари10.000 потписи
Кандидати кои не успеале да ги соберат потребните потписи КандидатПартија/КоалицијаОбјавена кандидатураСобрани потписиВело МарковскиНезависен19 октомври 20231.668Господин ПопоскиНезависен15 февруари147Ѓорѓи МанасковНезависен16 февруари496Мерсиха СмаиловиќБошњачки демократски сојуз21 февруари3.246Зорица ЦветковскаДесна24 февруари293Гоце РистовНезависен4 март6Драган НиколовскиНезависен6 март8
Кандидати кои се повлекле од претседателската трка КандидатПартија/КоалицијаОбјавена кандидатураПовлечена кандидатураСобрани потписиТоме НиколоскиНезависен22 февруари23 февруари0
Партиски гесла мини|350x350px|Реклами за претседателски избори во Скопје. КандидатГеслоСтево Пендаровски„Нашиот претседател Стево“Гордана Сиљановска-Давкова„Македонија повторно горда“Стевчо Јакимовски„Храбро за Македонија“Бујар Османи„Искуство, искреност и посветеност“Билјана Ванковска„Го враќаме достоинството на нацијата“Арбен Таравари„Промената е важна“Максим Димитриевски„Максимум за Македонија“
Дебати Претседателски избори (прв круг) 4 априлКлик плусТВ 21врска21 април360 степениМРТврска
Претседателски избори (втор круг) 30 априлКлик плусТВ 21врска1 мајТоп ТемаТелмаврска2 мајМРТ 1МРТ 1врска6 мајСамо вистинаКанал 5прв делвтор дел
Интервјуа и емисии Претседателски избори (2024) 4 мартЛазаровЛазаровврска18 мартМој ставЕМ Телевизијаврска18 мартЛазаровЛазаровврска22 мартМој ставЕМ Телевизијаврска4 априлМИАМИАврска5 априлМИАМИАврска6 априлМИАМИАврска6 априлМИАМИАврска8 априлМИАМИАврска8 априлЈа сакам МакедонијаСителврска8 априлКлик плусТВ 21врска8 априлАргумент плусТелевизија 24врска8 априлТоп темаТелмаврска8 април360 степениМРТврска8 април360 степениМРТврска9 априлМИАМИАврска9 априлТоп темаТелмаврска10 априлТоп темаТелмаврска10 априлЈа сакам МакедонијаСителврска10 априлЗум анализаТелевизија Mврска10 априлКлик плусТВ 21врска11 априлТоп темаТелмаврска11 априлСамо интервјуКанал 5врска11 априлАлсатАлсатврска11 априлАргумент плусТелевизија 24врска12 априлИнфомаксИнфомаксврска12 априлМИАМИАврска15 април360 степениМРТврска15 априлАргумент плусТелевизија 24врска15 април360 степениМРТврска17 априлЗумТВМ2врска17 априлТоп темаТелмаврска17 априлРадио ЛидерРадио Лидерврска19 априлРадио ЛидерРадио Лидерврска22 априлИнфомаксИнфомаксврска22 априлСамо интервјуКанал 5дел 1 дел 222 априлСамо интервјуКанал 5дел 1 дел 222 априлАргумент плусТелевизија 24врска25 априлРадио ЛидерРадио Лидерврска25 априлЗаспиј ако можешТелевизија Алфаврска
Митинзи и средби со граѓани Актуелниот претседател Стево Пендаровски и професорката Гордана Сиљановска-Давкова своите програми ги претставиле на поголеми митинзи и средби со граѓани во големите градови и центри на општини, додека другите кандидати тоа го правеле на помали настани и средби, учествувале на отворени дискусии, конвенции, семинари и оддржувале голем број на прес-конференции. Кандидатите од албанската националност своите средби ги воделе најчесто во општините и населени места со значително албанско население.
Прв круг