S/2006 S 1 — месечина на Сатурн. Откриена е од Скот Шепард, Дејвид Џуит, Џен Клина и Брајан Марсден на 26 јуни 2006 г. од набљудувања направени помеѓу 4 јануари и 30 април 2006 г. S/2006 S 1 има пречник од 6 км и кружи околу Сатурн на просечно растојание од 18,65 Гм за време од 951,1 дена. Има наклон од 154,6° кон еклиптиката (178,9° кон Сатурновиот екватор) во повратна насока, со занос од 0,0814.

Месечината се сметала за изгубена во 2006 г. бидејќи астрономите не можеле да ја видат. Во октомври 2019 г. е објавено нејзиното повторно забележување.

Наводи

Надворешни врски Орбити на Сатурновите месечини MPEC 2006-M45: Осум нови месечини на сатурн, 26 јуни 2006 г. (откривање и ефемерида) MPEC 2019-W125 : S/2006 S 1 (повраток)

Категорија:Сатурнови месечини Категорија:Нордиска група Категорија:Неправилни месечини Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Астрономски тела откриени во 2005 година Категорија:Месечини со повратна орбита