Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Доброшане; скратено: ПООУ „Кочо Рацин“) — подрачно основно училиште во селото Доброшане, претставува единка на училиштето истоименото училиште од градот Куманово.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Доброшане, сместено во средишниот дел на селото.
Градба
Објектот е во лоша состојба и истиот не е обновен. Површината на објектот е 570 метри квадратни, има 5 училници и 1 кабинет и се загрева со сопствено централно греење.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Куманово Доброшане Категорија:Доброшане