Гољама Сјутќа или Гољама Сјутка (), со висина од 2186 м, е трет највисок врв на Родопите и највисок врв во масивот Баташка Планина. Тоа е заоблен врв со благи падини, сместен во средината на масивот. Геоморфолошки е остаток од постар релјеф, граден главно од гранит и гнајс, при што преовладуваат кафеави шумски почви. Самиот врв е густо обраснат со иглолисни шуми, меѓу кои има и обемни пасишта. Во неговото подножје се долините на реките од локално значење, меѓу поголемите Лепеница, Рибна Река, Черно Дере, Баталач итн. Во подножјето на врвот се наоѓа пештерата Лепеница. Фауната е карактеристична за овој дел на Родопите и исклучително богата, бидејќи тука е највисокото стадо елени во Бугарија..
Източници
Михаил Алексиев и колектив. Енциклопедичен справочник „Чепино“ А-Я. книга Първа. Велинград. 2002. Юбилеен енциклопедичен справочник „Обичам те Велинград!“ М. Алексиев и авторски колектив 1948-2018. ISBN 978-954-9388-79-4
Категорија:Западни Родопи Категорија:Врвови во Бугарија