Боривое Џимревски (понекогаш запишан како Боривоје Џимревски; во — ) — македонски етномузиколог и етноорганолог.

Животопис

Дипломирал на Музичката академија во Белград во 1967 година. Еден период работел во Радио Скопје (1967-1974). Потоа, во 1974 година се вработил во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ како асистент-истражувач на народните музички инструменти и инструменталната народна музика. Докторирал во 1992 година со темата „Гајдата во Македонија, инструмент - инструменталист - музика“.

Напишал над 40 стручни трудови со кои учествувал на повеќе меѓународни конгреси и симпозиуми. Извршил обемни теренски истражувања што резултирале со над 4.000 снимени записи, 1.678 мелографии и 1.265 оригинални фотографии. Објавил неколку книги.

Бил раководител на монографскиот проект „Фолклорот во Куманово и Кумановско“ во 2000 година.

Џимревски дал значаен придонес во организирањето на повеќе фолклорни фестивали, смотри, семинари и предавања.

Починал на 26 септември 2011 година.

Наводи

Категорија:Македонски етномузиколози