238 Гордијан I и неговиот син Гордијан II се прогласени за римски цареви. 1312 Папа Климент V го укинува Темпларскиот ред, основан во 1118 година во Палестина. 1822 САД го забранува многуженството. 1879 Софија станува престолнина на новосоздаденото Кнежевство Бугарија. 1919 Унгарија станува советска република 1919 Воспоставена е првата меѓународна авионска линија меѓу Париз и Брисел. 1933 Отворен е концентрациониот логор Дахау. 1935 Персија официјално го променува своето име во Иран. 1943 Сите Евреи од Македонија кои беа собрани од страна на Бугарскиот окупатор во Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските фашисти. 1945 Египет, Ирак, Јордан, Либан и Сирија во Каиро ја формираа Арапската лига. 1983 Хаим Херцог е избран за претседател на Израел. 1995 Космонаутот Валери Полаков се вратил од космосот, поставувајќи нов рекорд- 436 денови. 1996 Македонската академија на науките и уметностите е примена за член на Здружението на европските академиии. 2004 Духовниот водач на палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас), шеикот Ахмед Јасин загина при израелски воздушен напад во Газа. 2004 Македонскиот премиер Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската Унија. 2009 Одржан првиот круг од Претседателските избори во Република Македонија. 22 март
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 22 март (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.