Анета Тасова – македонска писателка, поетеса и новинарка
Животопис Анета (Василева) Тасова е родена на 28 јануари 1982 година, во Кочани. Како дете се истакнувала во своите награди од областа на физиката, математиката и книжевноста. Дипломирала на Филолошкиот факултет (отсек Македонска книжевност и јужнословенски книжевности). Членувала во поетските клубови „Копнеж“ од Кочани и „Мугри“ од Скопје и во Драмскиот аматерски театар „Чекори”. Дел од нејзиното творештво бил вклучен во алманасите на претходно споменатите клубови; прозните списанија „Лоза” и „Маргина”; дневните весници „Вечер“, „Време“ и „Дневник“ и во електронското издание на конкурсот на „Електролит“.
Творештво
„Умри женски“, поетска збирка („Силсонс“, 2015) „Сите авиони летаат над моето село”, збирка раскази (Фондација "Рамковски", 2007)
Награди
Награда „Живко Чинго“ (фондација „Рамковски“) во 2007 година, за збирката раскази „Сите авиони летаат над моето село” Награда „Караманов” во 2004 година, за најдобра необјавена поетска збирка Награда на весникот „Студентски збор”, за најдобар краток расказ на конкурсот објавен во 2003 година
Наводи
Категорија:Луѓе од Кочани Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски новинари Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје