1913 Велика Британија и Германија постигнале Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун. 1917 Британската војска го зазела Багдад во Првата светска војна. 1938 Војската на фашистичкиот Трет Рајх влегла во Австрија (т.н. „аншлус“). 1943 Околу 550 Евреи од Штип биле депортирани во концентрациониот логор „Треблинка“. 1945 Во Македонија почнале првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеле до 25 март, за првпат гласале и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија. 1981 Започнале протестите на Косово со барање тоа да стане република и да излезе од прегратките на Србија. 1996 Република Македонија била примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка. 1996 Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија била примена во Клубот на земјите членки на ФАРЕ. 11 март
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 11 март (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.