Чедо Шаревски ( во — во ) — македонски универзитетски професор, како и атлетичар и тренер.

Животопис

Завршил Висока школа за физичка култура во Белград во 1959 година. Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1977 година на тема „Развој на атлетиката во СР Македонија од првите почетоци до 1975 година“. Хабилитирал на Факултетот за физичка култура во Скопје во 1981 година на тема „Состојба на наставата по атлетика во основното и насоченото образование во СР Македонија и предлог на мерки за нејзиното подобрување“.

По дипломирањето работел во Средното фискултурно училиште „Методија Митевски-Брицо“ (1959-1965), во Вишата школа за физичка култура, на која го предавал предметот Атлетика (1965-1978) и на Факултетот за физичка култура во Скопје, на кој бил избран за виш предавач, а потоа и за редовен професор по предметот Атлетика (1978-1995) и прв декан на Факултетот (1978-1980).

Бил врвен атлетичар, тренер, општествено-спортски работник и функционер. Објавувал стручни и научни трудови и е добитни на општествени признанија.

Наводи

Категорија:Македонски атлетичари Категорија:Македонски тренери Категорија:Македонски универзитетски професори