Ани Малинкова (р. , ) — македонска фолк пејачка на народни песни.

Кариера Малинкова почнала да се занимава со музика во 1994 година. Првото фестивалско учество и е во: 1995 година каде настапила на Фестивалот "Фолк Фест Валандово". Има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија: Фолк Фест Валандово, Цветници, Гоце Фест, Фолк Фест Роса, Филиграни, Лешочки Фолк Фест и други. Таа е препознатлива по изведбата на нејзиниот голем хит: "Со тебе, без тебе" и изведбата на "Ајде да бегаме мори Васе". Ја има изведено и песната "Ми заплакало селото Ваташа" во Емисија "Зајди Зајди" во 2014 година. Покрај овие песни други нејзини авторски песни се: "Само тебе те сакам знај", "Ако те изгубам", "Душа ледена", "Каква е љубовта" и други. Има издадено и неколку албуми со нејзини авторски песни и стари македонски песни.

Надворешни врски Профил на Ани Малинкова , Музички регистар Ани Малинкова на YouTube.

Категорија:Македонски фолк пејачи Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски поп-фолк пејачи