десно|мини|300x300пкс| Корејски шлем од осум плочки во корејски стил, Метрополитен музеј на уметност, Њујорк. Шлем од осум плочки во корејски стил (кинески :) — шлем произведен помеѓу 14 и 16 век или на Корејскиот Полуостров или во Монголија.Овие шлемови од осум плочки можеби потекнуваат од монголската област. Но, сегашната теорија е дека тие потекнуваат од севернокорејските области. Овој шлем се состои од осум плочки направени од железо. Се шпекулира дека овој стил на шлем бил раширен на Корејскиот Полуостров од тибетските области. Шлемови со слична структура може да се видат во Тибет, додека двете верзии на шлемот се направени од железо и кожа. Но, шлемовите со осум плочки во корејски стил се разликуваат од оние во тибетски стил по релативно помалите димензии. Обично шлемот со осум плочки во тибетски стил се високи 21–22 см. Но, шлемот во корејски стил е висок само 13 см. Во денешно време изложен е во музејот на уметноста Метрополитен, Њујорк, шлемот во корејски стил е со должина од 24,3 см, ширина од 21 см и тежина од 1065,9 г.
Опис Овој вид на шлемови наречени ба бан историски настанал во 8 век од нашата ера. Неговата употреба се протегала од 8 век до 16 век од нашата ера. Првично бил виден во тибетскиот регион. Причината поради која е наречен „Шлем од осум плочки“, е тоа што се состои од осум плочки направени од железо и кожа. Изненадувачки, многу добро сочувани осум плочки во тибетски стил може да се видат во повеќе тибетски манастири. Шлемовите во тибетски стил се слични на корејските шлемови по структура. Но, тибетските се доста поголеми од корејските. Обично, шлемот во тибетски стил е со висина од 21–22 см, а корејскиот примерок во музејот на уметноста Метрополитен во Њујорк е висок само 13 см. Бидејќи не се пронајдени доволно докази при истражувањата, не се знае дали е користено ремче за држење под брадата. Но, ниту корејски ниту тибетски шлемови со осум плочки биле најдени со ремче за под брада.
Наводи
Белешки
Надворешни врски Веб-страница на музејот на уметноста „Метрополитен“
Категорија:Корејска уметност Категорија:Воена историја на Кореја Категорија:Шлемови