мини|Првата корица на лесниот роман, вклучувајќи ја Махиру Шина Ангелот од соседната врата ме разгалува (; , буквално: „Случајот со соседскиот ангел, кој ме претвора во разгалена личност“) — лесен роман напишан од Саекисан и илустриран од Ханекото. Објавен е на мрежното место Shosetsuka ni Naro од декември 2018 г. До јануари 2023 г., издавачката куќа SB Creative објавила осум тома на лесни романи под нејзината етикета GA Bunko. Адаптација на лесниот роман во манга-формат со илустрации од Ван Шибата и композиција од Сузу Јуки е објавена на дигиталната манга-услуга Manga Up! на Square Enix од јануари 2022 г., а од декември 2022 г. е објавена во два тома танкобон (формат за издавање книги). Студиото Project No.9 го адаптирало лесниот роман во аниме-серија, емитувана од јануари до март 2023 г.
Содржина Амане живее сам во стан, а најубавото девојче во училиштето, Махиру, живее веднаш до неговата врата. Речиси никогаш не зборуваат и покрај тоа што се во истиот клас — сè до денот кога тој ја гледа тажна на дождлив ден и ѝ го позајмува својот чадор. За да му возврати, таа се нуди да му помогне низ неговата куќа, а врската полека почнува да цвета како што се смалува растојанието меѓу нив.
Ликови
— Главниот јунак во серијата, тој живее сам во мал стан. Бидејќи не е добар во организирање работи, често јаде надвор или купува храна од продавници. — Главната јунакиња, таа живее сама во мал стан до Амане. Обожавана е на училиште поради нејзината убавина, како и нејзините академски и спортски способности, а го добила и прекарот Ангел. Потекнува од богато семејство, но живее подалеку од родителите бидејќи не се во добри односи. Мајката на Амане развива приврзаност кон неа и ја цени нејзината грижа за него. Нејзиното име, Махиру (буквално: „пладне“), кое ѝ го дал нејзиниот татко, Асахи (букв. „утринско сонце“), го претставува пладнето помеѓу утрото и ноќта, а тоа е името на мајка ѝ, Сајо (букв. „мала ноќ“). — Другар и соученик на Амане. Тој му дава совети на Амане за неговата врска со Махиру. Тој е момче на Читосе и ја нарекува „Чи“. — Соученичка на Амане и девојка на Ицуки.
Медиуми
Аниме Бр.Македонски насловИзворен насловПремиера во Јапонија01„Средба со ангелот“„天使様との出会い“7 јануари 2023 г.02„Вечера со ангелот“„天使様と夕食“14 јануари 2023 г.03„Награда за ангелот“„天使様へのご褒美“21 јануари 2023 г.04„Божиќниот ангел“„クリスマスの天使様“28 јануари 2023 г.05„Поход до храмот со ангелот“„天使様と初詣“4 февруари 2023 г.06„Подарок од ангелот“„天使様の贈り物“11 февруари 2023 г.07„Ветување со ангелот“„天使様との約束“18 февруари 2023 г.08„Ангелот во новата учебна година“„新学期の天使様“25 февруари 2023 г.09„Излегување со ангелот“„天使様とお出かけ“4 март 2023 г.10„Ангелот во сонот“„夢の中の天使様“11 март 2023 г.11„Ангелот од соседната врата ме разгалува“„お隣の天使様にいつの間にか駄目人間にされていた“18 март 2023 г.12„Збогум, моја плашливост“„臆病だった自分にさようならを“25 март 2023 г.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА____ИНДЕКС__
Категорија:Манга од 2022 година Категорија:Романи на јапонски јазик Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2023 година Категорија:Аниме на Crunchyroll