300px|мини|десно|Карта на општините во Мајна-Кинциг Мајна-Кинциг () — округ во источниот дел на сојузната покраина Хесен, Германија. Се граничи со окрузите Ветерау, Фогелсберг, Фулда, Бад Кисинген, Мајна-Шпесарт, Ашафенбург, Офенбах и безокружните градови Офенбах на Мајна и Франкфурт.

Историја Округот е создаден во 1974 г. со спојување на дотогашните окрузи Ханау, Шлихтерн, Гелнхаузен и поранешниот градски округ Ханау. Ја опфаќа истата територија со некогашната грофовија Хесен-Ханау.

Географија Името на округот доаѓа од двете главни реки во него. Мајна тече долж југозападниот агол на територијата. Кинциг, кој е притока на Мајна, тече низ целиот округ.

Стопанство Во 2017 г. БДП во округот по глава на жител изнесувал 34.185 евра.

Градови и општини ГрадовиОпштиниБад Зоден-Залминстер Бад Орб Брухкебел Вехтерсбах Гелнхаузен Ерлензе Лангензеболд Мајнтал Нидерау Ханау Шлихтерн Штајнау ан дер ШтрасеБибергеминд Бирштајн Брахттал Гриндау Гроскроценбург Зинтал Јосгрунд Линзенгерихт Нидердорфелден<li>Нојберг <li>Роденбах <li>Ронебург <li>Флерсбахтал <li>Фрајгерихт <li>Хамерсбах <li>Хаселрот <li>Шенек

Грб Грбот е сплет од грбовите на претходните окрузи споени во 1974 г. Лебедот е преземен од округот Ханау и е старо обележје на неговите грофови. Орелот во левиот дел е земен од градот Гелнхаузен. Превезите во десниот дел се земеени од господарите на Хутен, кои го поседувале подрачјето околу Бад Зоден и Залминстер, порано дел од округот Шлихтерн.

Наводи

Надворешни врски

Округ Мајна-Кинциг — Историски лексикон на места

Категорија:Окрузи во Хесен Категорија:Дармштат (административен округ)