Црква Св. Преображение — православна црква во изградба во Кочани, која припаѓа под Кочанското архијерејско намесништво, Брегалничка епархија, МПЦ - ОА.

Местоположба

Црквата е сместена во југозападниот раб на населбата Усова Чешма, во т.н. „Стопански двор“, северно од фабриката „Руен“, источниот дел на Кочани. Северно од црквата е Подрачната зграда „Ѕвездички“ при Детската градинка „Павлина Велјанова“.

Особености Црковната зграда зафаќа 364 квадратни метри и во неа има приземје и галерија за црковен хор.

Историја Црквата била почната со изградба во почетокот на мај 2006 година, но претрпувала пауза во градежните зафати.

мини|220п|лево|Куполата и крстот. На 12 февруари 2020, за време на празникот Свети три светители. бил поставен и осветен крстот на куполата на црквата. Осветувањето било извршено од страна на Митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија од Кочанското архијерејско намесништво.

Согласно ноември 2021 година, било поставена топлинската изолација на фасадата и на покривната конструкција.

Поврзано Црква „Св. вмч. Георгиј“ Црква „Св. Благовештение“ Параклис „Св. Димитриј“ Евангелско-методистичка црква Дуди Ханум џамија

Наводи

Надворешни врски

Преображение Кочани