Полски штурец (Gryllus campestris) – вид на штурец кој припаѓа на семејството Gryllidae.
Познат и како полски попец, полскиот штурец е распостранет во цела Европа, Северна Африка и Западна Азија. Во Македонија е широко распостранет од низините до надморска висина од околу 2000 м. Живее во дупки во земјата. Омниворен – неговата храна е многу разновидна. Имагото несе јајца на пролет, а ларвите се изведуваат во јули-септември и хибернираат; имага – од мај до јули. мини|лево|Полски штурец – женка Живее во суви песокливи терени. Кога е во опасност се повлекува во своите подземни дупки, длабоки и до 40 cm. Се храни со растителни пупки и со инсекти. Во времето на парењето мажјакот произведува карактеристичен звук – црцорење, што ја привлекува женката за оплодување. Ареалот на распространувањето му е Средна Европа, од каде што доаѓа и кај нас.
Наводи
Категорија:Инсекти Категорија:Правокрилци Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј