Хукар () или Шукер () — река во Шпанија. Долга е околу 509 км и тече во југоисточен правец. Сливот зафаќа површина од . Најважна притока е Кабриел.

Реката извира од венецот Универсалес во Ибериските Планини. Тече на југ, а потоа на исток низ градовите Куенка, Алкала дел Хукар, Кофрентес, Алсира, Суека и Куљера. Кај Куљера се влева во Валенсискиот Залив на Средоземното Море. Минува низ покраините Куенка, Албасете и Валенсија.

Историја Антика Во антиката реката се нарекувала Сукрон (). Во нејзиното поречие во 75 г. п.н.е. Помпеј бил поразен од војската на Квинт СерторијКороленков А. В. Квинт Серторий. Политическая биография. — СПб.: Алетейя, 2003. — 310 с. — стр. 210—211..

Поплавување Во 1982 г. Хукар ја пробил браната кај Тоус, предизвикувајќи ја најголемата поплава во историјата на Шпанија. Иако се смтало дека браната е неуништлива, реката сепак успеала да ја сруши, и водата се излевала со . Во настанатата поплава животот го изгубиле 30 лица.

Поврзано Список на реки во Шпанија

Наводи

Надворешни врски

Хидрографска конфедерација на Хукар Водојстој и услови на Хукар Изворот на Хукар Хукар — Енциклопедија Британика

Категорија:Реки во Шпанија Категорија:Географија на Валенсија Категорија:Средоземен слив Категорија:Реки во Валенсија