Халид Лвалива (изворно: Halid Lwaliwa; роден на 22 август 1996 година) ― фудбалер од Уганда кој игра како средишен бек за ФК Брегалница 2008 и фудбалската репрезентација на Уганда.

Клупска кариера Роден во Иганга, Лвалива учел во интернатското средно училиште „Сент Мери“ во Китенде пред да ја започне својата фудбалска кариера во Вајперс каде што бил унапреден во сениорскиот состав во 2014 година. Тој потпишал продолжување на договорот во август 2018 година. Во септември 2022 година, Халид се приклучил во штипска Брегалница 2008.

Репрезентативна кариера Тој го добил своето меѓународно деби на 21 септември 2019 година во победата со 3-0 над Бурунди во квалификациите за Првенството на африканските нации 2020. Во март 2023 година, Халид повторно бил повикан во репрезентацијата.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фудбалски централни дефанзивци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Спортисти од Источен Регион (Уганда) Категорија:Иселеници машки фудбалери во Македонија Категорија:Угандски иселеници машки фудбалери Категорија:Угандски иселеници спортисти во Македонија Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери на Првенството на африканските нации 2020 Категорија:Угандски машки фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалери во Премиер лигата на Уганда Категорија:Фудбалери на ФК Вајперс Категорија:Луѓе од Иганга (округ) Категорија:Угандски машки фудбалери