Миле Грозданоски (р. година во ) — македонски филмски и телевизиски режисер и сценарист.
Животопис Грозданоски е роден на 21 септември 1950 година во Кичево. Тој дипломирал на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1972 година. Целиот свој работен век го поминал во Македонската Телевизија како режисер на играни серии, филмови и документарни филмови.
Филмографија Како помошник режисер, тој се појавил во четири филмови „Табакерата“ (1972), „Јад“ (1975), „Исправи се, Делфина“ (1977) и „Оловна бригада“ (1980).
Тој ги има режирано следниве филмови и серии: Денес треба нешто да се случи (филм, 1976) Случки од животот (серија, 1984-1987), Хихирику (филм, 1984), Камчевци (серија, 1984), Ајде да се дружиме (серија, 1985), За трошка среќа (филм, 1987), Македонски народни приказни (серија, 1987-1989), Чук, чук Стојанче (серија, 1987-1990), Алф од Ново Лисиче (филм, 1990), Опстанок (серија, 1990-1991), Во кафулето кај Гане (филм, 1991), Грев или шприцер (филм 1993), Во светот на бајките (серија, 1995-1999), Калигула (филм, 1997), Агенција осамени срца (серија, 2001), Хихирику (филм, 2004), Македонски народни приказни (серија, 2010), Тврдокорни (серија, 2013-2015), Филм за глумицата Анче Џамбазова (документарен филм, 2019).
Надворешни врски
Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски сценаристи Категорија:Југословенски режисери Категорија:Југословенски сценаристи Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“