мини|Цртеж на гул Гул (арапски: غول) — чудовиште или зол дух во арапската митологија што се храни со човечко месо. Најстарата сочувана книжевност во која се споменува гулот е веројатно „Илјада и една ноќ“. Во исламот, тој е вклучен во категоријата џинови, иако исламското богословие смета дека верувањето во гулови е суеверие.
Во арапскиот фолклор Во древниот арапски фолклор, гуловите живееле на гробишта и други ненаселени места. Гулот е ѓаволски вид џин, чиј татко се верува дека е самиот Иблис. Гуловите живеат и во пустини и можат да имаат облици на други животни, особено хиени. Ги мамат невнимателните луѓе кон пустините или напуштените места за да ги убијат и јадат. Суштеството, исто така, лови мали деца, пие крв, краде монети и ги јаде мртвите, а потоа го добива обликот на личноста што ја изело последно.
Поврзано
Демон Џин Вампир Зомби
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Арапска митологија Категорија:Демони Категорија:Арапски зборови Категорија:Чудовишта __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__