Белослав () — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Белослав во Варненската Област. Има население од околу 7.620 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Градот се наоѓа на 19 километри западно од Варна. Сместен е на двата брега на длабинскиот пловечки канал Варна - Девња, кој ги поврзува Варненското со Белославското Езеро. Поради немање мост преку каналот во Белослав има редовен траект за превоз на патници од едниот до другиот крај на градот.

Историја Според историските податоци населбата постоела за време на Второто бугарско царство под името Крушево. Во 16 век тоа било преименувано од османлиските власти во Гебеџе Богаз, а до 18 век од името останало само Гебеџе. За време на Руско-турската војна во 1877 година, руските војници од 71-от Белевски пешадиски полк го ослободиле селото и подигнале комеморативен крст на една височина, менувајќи го името на селото од Гебеџе во Белево.Черно море – седмичен вестник, ред. Петър Бобчевски, бр. 14, 5 септември 1891 год., стр. 3 Селото официјално било преименувано во Белево во 1882 година и поново во Белослав во 1940 година. Во 1981 година добило статус на град.

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница на Општината Белослав

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Варна