Панде Петровски (, –) — македонски сликар, карикатурист и писател.
Животопис Роден e во Битола во 1939 година. Завршил Педагошка академија, Ликовна група во Скопје во 1963 година.
Самостојно изложува од 1959 година и до денес има организирано 25 изложби во Македонија, Србија, Шведска и Австралија. Во своето педесетгодишно ликовно творештво, редовно учествува на над стотина групни изложби во Македонија, Србија, Турција и Бугарија. Член е на Македонското научно друштво во Битола, ДЛУБ и ДЛУМ, а членувал и во Здружението на карикатуристи на Македонија. Членувал во Организациониот одбор на Триеналето на современа југословенска графика, а работел и како сценограф на Фестивалот ,,Илинденски денови“ од основањето до денес. Автор е на неколку книги на афоризми и хуморески. Учесник е на повеќе ликовни колонии во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Романија. Добитник е на повеќе награди за афоризми. Позначајни награди за карикатура се: Трета награда на југословенски конкурс во 1988 год. и Специјална награда на 37. Светска галерија на карикатурата на Остен во Скопје, во 2009 година.
Награди Од наградите за сликарство се издвојуваат: „Мајска награда“ на ДЛУБ во 1978 год., Награда „4 Ноември“ на Општина Битола во 1987 год. Плакета за најуспешен битолчанец од областа на културата за 2009 година. Награда „4 Ноември“ за животно дело во 2025 год.
Наводи
Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски афористи Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“