Дамјан Цветановски (р. година во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Од 2025 година, работи во Македонски народен театар.
Филмографија Година Филм Улога 2006 Тајната книга ТВ-филм Бигорски 2010 Вистинската приказна за Хансел и Гретел ТВ-филм Детето 2012 Статус ТВ-филм Кристијан 2017 Инсајдер ТВ-серија Јован 2017-2020 5+ фамилија ТВ-серија Швајн Штајин 2018 Преспав ТВ-серија Станко Кочовски 2022 Тајниот изум ТВ-филм Швајн Штајин 2023 Бизнисот на задоволството ТВ-филм Игор 2023 Бистра вода ТВ-серија Стефан 2024 Јон Вардар против Галаксијата ТВ-филм Зарк
Животопис Цветановски е роден на 31 мај 1994 година во Скопје, син е на македонскиот режисер и професор на Факултетот за драмски уметности, Владо Цветановски. Дипломира на Академијата на уметностите во Нови Сад во класата на професорот Никита Миливојевиќ, во 2016 година. Вработен бил во Драмски театар - Скопје. Од 2025 година, работи во Македонски народен театар во Скопје.
Награди Добитник на наградата за најдобра машка улога за ликот Кристофер во претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (2023)
Надворешни врски
Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци