Виза за во иднина (босански: Viza za budućnost) е босанска хумористична серија која започна со прикажување на сепрември 2002, а заврши во април 2008 година.
Оваа серијата се емитуваше и во Македонија на A1.Виза за во иднина/Viza za buducnost
Концепт Серијата на хумористичен начин ги отсликува проблемите на жителите на повоено Сараево како и нивната желба да продолжат со нормален тек на животот.
Главен лик во серијата е Србин Милан Голијанин, поранешен дипломат кој по извесно време се враќа од Норвешка во Сараево, заедно со неговата сопругата Даница. Кога Милан и Даница се враќаат во Сараево, во нивниот стан го наоѓаат бошњачко семејството Хусика, чиј стан бил уништен во војната и кои одбиваат да се иселат од станот на Голијанините. Немајќи друг избор, Милан и Даница бараат привремено сместување кај соседите Миро и Сена.
Преку вкупно 206 епизоди, во текот на 6 сезони, гледачите ја следеа судбината на семејството Хусика и семејството Голијанин и беа сведоци на повторното воспоставување на пријателството меѓу нив.
Епизоди Првата епизода на Виза за во иднина се емитуваше на 22 септември 2002 година. Првата сезона има 44 епизоди, втората има 37 епизоди, третата има 19 епизоди, четврата има 42 епизоди, петтата сезона има 34 епизоди, а шестата и последна сезона има 30 епизоди. Последната епизода се емитуваше на 17 април 2008 година на ФТВ. Серијата има вкупно 206 епизоди.
Виза за во иднина стекна голем успех на ФТВ за време својата премиера,Izvještaj o radu RTVF BiH u 2007. godini i proširena Informacija o stanju u RTVFBiH а серијата беше прикажана и во други земји од регионот.
Улоги Глумец Улога Нада Ѓуревска Мубера Половина Љубиша Самарџиќ Милан Голијанин Јасна Диклиќ Даница Голијанин Адмир Гламочак Суад Хусика Мелиха Факиќ Алма Хусика Мирвад Куриќ Риле Половина Зоран Бечиќ Оскар Прохаска Амра Капиџиќ Белма Хусика Изудин Бајровиќ Миро Зврк Емина Муфтиќ Сена Зврк Ријад Љутовиќ Тончи Лејла Звиздиќ Мерима Хусика Маја Ибрахимпашиќ Нејра Хусика Жан Маролт Хрвоје Ускок Санда Крго Сања Борис Дворник Винко Ускок Енис Бешлагиќ Зела Ермин Сијамија Саша Крељо Тања Бошковиќ Софија Јовиќ Борислав Стјепановиќ Александар Јовиќ Марио Дрмаќ Ненад Голијанин Снежана Марковиќ Сашка Јовиќ Драго Бука Неро Сања Буриќ Дијана Нермин Омиќ Сејо Факета Салихбеговиќ Авдагиќ Злата Џенита Имамовиќ Хедија Раде Чоловиќ Соко Нарцис Бабиќ Жути Медиха Муслиовиќ Ранка Ксенија Јовановиќ Оливера
Наводи
Категорија:Босански телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2002 година