Број на Европската Заедница (EC-број) — единствен седумцифрен број за распознавање на супстанциите со цел државна регулација во рамките на Европската Унија според пропишаното од Европската комисија. EC-инвентарот се состои од три поединечни инвентара: EINECS, ELINCS и NLP.

мини|исправено|Европскиот инвентар на постоечки хемиски супстанции во стопанството (EINECS)

Структура EC-бројот може да се запише воопштено како: NNN-NNN-R, каде R е конролна цифра, а N е цел број. Контролната цифра се пресметува по методот на ISBN, т.е. следново збирно по модул 11:

Ако остатокот R е еднаков на 10, тогаш комбинацијата од цифри не се користи за EC-број. За пример, EC-бројот на дексаметазонот е 200-003-9. N1 е 2, N2 преку N5 се 0, а N6 е 3.

Остатокот е 9, што е контролната цифра.

Има 181 ELINCS-броеви (EC-броеви што почнуваат со 4) за кои контролниот збир според прикажаниот алгоритам изнесува 10, а бројот не е прескокнат туку издаден со контролен збир 1.

EC-инвентар EC-инвентарот ги опфаќа супстанциите во следниве инвентари. Содржината на овие инвентари е непронелива и официјална.

ИнвентарОпфатФорматБрој на записи (ако се непроменливи) Европски инвентар на постоечки хемиски супстанции во стопанството (EINECS)Супстанции (со исклулок на полимери), кои се заведени како достапни во продажба во ЕУ од 1 јануари 1971 до 18 септември 1981 г. Овие се сметале за заведени согласно чл. 8(1) од Директивата за опасни супстанции (67/548/ЕЕЗ). Се сметаат за супстанции кои се воведуваат согласно регулативата REACH. 100.102Европски список на пријавени хемиски супстанции (ELINCS)Супстанции пријавени под Директивата за пријава на нови опасни супстанции (NONS) кои влегле во продажна по 18 септември 1981 г.4.381Супстанции кои повеќе не се полимери (NLP)Дефиницијата за полимер е изменетав во април 1992 г. и со тоа некои дотогашни полимери престанале да се сметаат за такви. Затоа е составен NLP-список на поранешни полимери кои се продавале како такви од 18 септември 1981 до 31 октомври 1993 г.703

List numbers Европската хемиска агенција (ECHA) го применува форматот на EC-броевите врз т.е. „Списочен број“.Заведени супстанции — Европската хемиска агенција (ECHA) Бројот се доделува согласно регулативата REACH без правно признание. Затоа, тие броеви не се официјални, бидејќи не се објавени во Службениот весник на Европската Унија. Списочните броеви се административни алатки и не треба да се користат за службени цели. ОпфатФорматАвтоматски доделени, на пр. на претходно заведени супстанции со CAS-бр.Де доделува на супстанции по спроведениот увид од Екипата за назнаки на ECHAАвтоматски доделени на супстанции кои имаат само CAS-бр. (продолжеток на 6xx-xxx-x series)Автоматски доделни, на пр. на претходно заведени супстанции без CAS-бр. или друга бројчена назнака (ги вклучува и реактивните маси на повеќе од една супснтација)

Поврзано Европска хемиска агенција CAS-број

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Хемиска номенклатура Категорија:Законодателство на Европската Унија Категорија:Регулација на хемикалиите