Матиј или Матија (коине: , од Матитјаху, ; I век - ) — еден од учениците на Исус Христос, кој според Делата на светите апостоли бил избран од апостолите да го замени Јуда Искариот по извршеното предавство и самоубиство.Дела 1,12-26 — Стандардна македонска библија со девтероканонски книги, 2006 г. Единствен е по тоа што не станал апостол со назначување од Исус, кој веќе се вознел на небото, и бил прогласен за таков пред слегувањето на Светиот Дух меѓу раните верници.
Животопис Матија не се спомнува во списоците на Исусовите следбеници во трите синоптички евангелија, но според Делата на светите апостоли, тој бил негов придружник од Крштението, па сè до неговото Вознесение. Во наредните денови, Петар им предложил на насобраните 120 ученици да предложат човек кој би го заменил Јуда. Тие ги избрале Јосиф Варсава (наречен Јуст) и Матиј. Потоа се помолиле „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал, за да прими дел од оваа служба и од апостолството од кое отпадна Јуда за да си отиде на своето место.“Дела 1,24–25 Потоа фрлиле ждрепка, и таа паднала на Матиј; со тоа, тој се вброил во единаесетте апостоли.Jacque Eugène. Jacquier, "St. Matthias." The Catholic Encyclopedia. Vol. 10. New York: Robert Appleton Company, 1911. 10 August 2014
Канонскиот Нов завет не дава никакви понатамошни информации за Матиј. Дури и името му се разликува од едно место до друго: сириската верзија на Евсевиј Кесариски сето време го нарекува „Толмеј“ (но поинаков од апостолот Вартоломеј, кој бил меѓу првичните апостоли). Климент Александриски еднаш го спомнува Закхеј на начин кој би можел да се протолкува како да горови за Матиј;Стромати, Книга 4, гл. 6 Климентините го поистоветуваат со Варнава; Адолф Хилгенфелд смета дека е истата личност со Натанаил во Евангелието според Јован.
Дејност Грчкото предание вели дека Матиј бил одговорен за воведување на христијанството околу Кападокија и бреговите на Каспиското Море, а живеел крај пристаништето Ис.Butler, Alban. "Saint Matthias, Apostle", The Lives of the Fathers, Martyrs, and Other Principal Saints, D. & J. Sadlier, & Company, 1864
Според Никифор КсантопулHistoria eccl., 2, 40, Матиј прво го проповедал словото во Јудеја, а потоа во Етиопија (кај областа Колхида, денешна Грузија) и бил распнат. Коптските „Дела на Андреја и Матиј“ говорат дека живеел во „градот на човекојадците“ во Етиопија.See "Egyptian Colony and Language in the Caucasus and its Anthropological Relations," by Hyde Clarke, 1874, https://www.jstor.org/stable/2841305 Урнатините на римската тврдина во Гонио (Апсар) во денешната грузиска област Аџарија имаат спомен-плоча која тврди дека таму е неговото почивалиште.
Зборникот на Доротеј Тирски го раскажува следново предание: „Матиј го проповедаше словото на варварите и месојадците во внатрешноста на Етиопија, каде се наоѓа пристаништето Ис, на устието на реката Фасис. Умре во Севастопол и таму го закопаа, кај Храмот на Сонцето.“
Според друго предание, Матиј бил каменуван во Ерусалим од месното население, а потоа обезглавенTillemont, Mémoires pour servir à l'histoire ecclesiastique des six premiers siècles, I, 406–7. Според Иполит Римски, Матиј умрел на стари години во Ерусалим.
Дела Опстанатите фрагменти од изгубеното Евангелие според Матиј велат дека се негово дело, но раните црковни отци го сметале ова евангелие за кривоверно дело од II век.
Почитување мини|Кивор на апостол Матиј во Падова, Италија. Православието по традиционален источен обред го слави Матиј на 9 август (22 август по нов стил). Православните од западен обред продолжуваат да го слават на 24 и 25 февруари во престапни години.
Неговата слава е воведена во римскиот календар во XI век и се одбележувал на шестиот ден од мартовските календи (обично 24 февруари, но на 25 февруари во престапни години). Во преработката на Општиот римски календар во 1969 г. денот е поместен на 14 мај за да не биде за време на Великите пости, туку заедно со велигденските празници близу до Вознесение,"Calendarium Romanum" (Libreria Editrice Vaticana, 1969), p. 92; cf. p. 117 по што Делата ни евели дека Матиј бил избран за еден од Дванаесетте апостоли.
Заедничкиот молитвеник на Црквата на Англија, како и другите постари заеднички молитвени книги во англиканството, го чествува Матиј на 24 февруари. Според поновата литургија „Заедничка богослужба“, Матиј се чествува во Црквата на Англија со слава на 14 мај, иако по желба може да се прослави на 24 февруари. Во Епископалната црква и некои цркви во лутеранството како Мисурскиот синод и Канадската лутеранска црква, денот на одбележување останува на 24 февруари. Евангелска лутеранска црква во Америка и нејзината сестринска црква во Канада го одбележуваат Матиј на 14 мај.Evangelical Lutheran Worship, (Minneapolis, MN: Augsburg Fortress, 2007), 15
Се тврди дека моштите на апостол Матиј биле донесени во Италија преку царицата Елена, мајка на Константин Велики. Според овие тврдења, дел од моштите се закопани во манастирот „Св. Јустина“ во Падова, а остатокот се во опатијата „Св. Матиј“ во Трир, Германија. Според грчки извори, моштите се закопани во тврдината Гонио-Апсар во Грузија..
Поврзано Евангелие според Матиј
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Житие на Апостол Матиј — Денови.мк
Категорија:Родени во 1 век Категорија:Починати во 80 година Категорија:Светци од Светата Земја Категорија:Христијански светци од 1 век Категорија:Христијански маченици од 1 век Категорија:Личности од Делата на светите апостоли Категорија:Светци од Новиот завет Категорија:Православни светци Категорија:Англикански светци Категорија:Седумдесет апостоли Категорија:Статии со текст на коине