Аридификацијата е процес во кој некој регион станува сè посув. Таа се однесува на долгорочни промени, наместо на сезонски варијации.
Често се мери како намалување на просечната содржина на влага во почвата. Тоа може да биде предизвикано од намалени врнежи, зголемено испарување, спуштање на водните маси и промени во покривката на земјата, или како резултат на комбинација од повеќе од овие фактори. Главни последици претставуваат намаленото земјоделско производство, деградација на почвата и промени во екосистемот.
Некои истражувачи открија дека сливот на реката Колорадо и други делови од западна Северна Америка моментално се подложени на аридификација.
Поврзано Кружење на водата Пустина Глобално затоплување
Наводи
Категорија:Водата и животната средина