Crassula muscosa, синоними Crassula lycopodioidesCrassula muscosa at houseplantz.net и Crassula pseudolycopodioides, ― сочник кој потекнува од Јужна Африка и Намибија, припаѓа на семејство Crassulaceae и на родот Crassula. Тоа е собно растение кое се одгледува низ целиот свет.
Етимологија Научните и народните имиња се однесуваат на неговиот изглед: muscosa потекнува од латинскиот збор muscosus, што значи „мовест“. Lycopodioides, потекнува од мовот Lycopodium, и од грчките зборови „Λύκος“ (ликос, волк), „πόδι“ (поди, стапало ) и „οειδής“ (оидис, -оид, слично на).
Опис Crassula muscosa има многу мали, светло зелени листови кои се густо набиени околу тенко стебло, а распоредот на листовите околу стеблото им дава квадратен облик. Расте како грмушка со многу мали жолто-зелени цветови, со максимална висина од 15–20 цм.
Распространетост и живеалиште Crassula muscosa потекнува од Јужна Африка (Кејпските Покраини, Фри Стејт и Северните Покраини) и Намибија. Расте во средини со умерен степен на влажност, во кои почвата е добро исцедена и составена од плодна почва и песок.
Одгледување За време на студената сезона, поднесува пад на температурата до минимум 6-8 °C, кога му е потребно малку вода. Во летниот период, му треба многу повеќе вода и не треба да се изложува на директно сонце, бидејќи страда на прекумерна сончева светлина. Кога овие услови не се исполнети, растението почнува да се суши и вкочанува, најчесто почнувајќи од основата на стеблото до врвовите. Тоа е инвазивен вид и лесно се размножува од делови на стеблото. Ако во околината се одржува стабилна температура од 20-21 °C, со соодветна влажност и осветленост, исечениот дел се вкоренува и расте брзо.
Галерија
Сорти
Crassula muscosa var. accuminata Crassula muscosa var. muscosa Crassula lycopodioides var. purpusii Crassula muscosa var.rastafarii Crassula muscosa var. sinuata C. muscosa var. sinuata at tropicos.org Crassula muscosa var. variegata
Наводи
Надворешни врски
Crassula muscosa at learn2grow.com
Категорија:Собни растенија Категорија:Градинарски растенија Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Флора на Намибиа Категорија:Флора на Северните покраини Категорија:Флора на Слободната држава Категорија:Флора на покраините Кејп Категорија:Дебелец