Четвороевангелие на цар Иван Александар () е илуминиран ракопис, четвороевангелие, напишан и илустриран во 1355–1356 година за царот Иван Александар на Второто Бугарско Царство. Ракописот се смета за еден од најзначајните ракописи од средновековната бугарска култура, и се опишува како „најславното уметничко дело создадено во Бугарија пред падот под турско ропство во 1393“.McKendrick, 56
Ракописот, кој сега се чува во Британската библиотека (Add. MS 39627), содржи текстови од четирите евангелија илустрирани со 366 минијатури и се состои од 286 листови од пергамент, со димензии 33 на 24.3 cm. Јазикот на кој е напишан ракописот се означува како бугарски,Dimitrova, 23 среднобугарски, словенски, и црковнословенски.Milner-Gulland, 304
Наводи
Категорија:Христијанството во Бугарија Категорија:Средновековни ракописи