Друмбанда или Друмбета (, Лисасмени; старо: Ντρουμπάντα, Друмбанда) — река во Гребенско, Егејска Македонија, десна притока на Бистрица.

Реката извира под името Ватилакос од најисточните расклонки на Пинд и тече во источен правец. Прима низа мали притоки, од кои најголема е левата Турника. Минува јужно од Милја и под името Друмбанда се влева во Бистрица спроти месноста Кулурија, северно од Аспрокамб.

Во 1969 г. името на реката е сменето од Друмбанда во Лисасмени.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија) Категорија:Гребен (општина)