„Нека остане меѓу нас“ (хрватски: Neka ostane među nama) — хрватски филм од 2010 година, во режија на Рајко Грлиќ. Главните улоги ги толкуваат: Предраг Мики Манојловиќ, Бојан Навојец, Наташа Дорчиќ, Дарија Лоренци, Ксенија Маринковиќ, Вања Драх и Крешимир Михиќ. Филмот освоил повеќе награди, и тоа: на 45. меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари ги освоил наградата „Кристален глобус“ за режија и наградата „European Screens Label“ за најдобар европски филм; на 57. фестивал на играниот филм во Пула ги освоил наградите „Златна арена“ за најдобар филм, за најдобра глумица во споредна улога, за најдобар снимател, за најдобар звук, за најдобра музика, за најдобра сценографија, како и наградата ФЕДОРА; на 24. фестивал во Херцег Нови ја освоил наградата „Златна мимоза“ за режија; на 45. фестивал во Ниш, Манојловиќ ги освоил наградата „Цар Константин“ за најдобра главна машка улога, наградата на публиката за најдобар глумец и наградата на критиката за најдобар глумец; а на „GSIFF New York 2010 International Film Festival“ ги освоил наградите за најдобар филм и за најдобар глумец (Манојловиќ)Neka ostane među nama, hrvatski film (пристапено на 6.5.2023)
Содржина Филмот претставува индискретна загрепска приказна за еротскиет страсти скриени под површината на граѓанското секојдневие. Главните ликови во филмот се двајца браќа, Никола и Брацо, нивните сопруги Анамарија и Марта, нивните љубовници Латица, Даворка и Тамара, како и децата. Сето тоа е измешано во двојниот живот, паралелните врски и во горко-слатката приказна за неуморната потрага по љубовта и среќата.
Наводи
Категорија: Филмови од 2010 година Категорија: Филмови на хрватски јазик Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во Загреб Категорија: Филмови со Предраг Манојловиќ Категорија: Филмови со Наташа Дорчиќ Категорија: Филмови со Вања Драх Категорија: Филмови на Рајко Грлиќ Категорија: Филмови со Крешимир Михиќ Категорија: Филмови со Ксенија Маринковиќ Категорија: Филмови со Дарија Лоренци Категорија: Филмови со Бојан Навојец Категорија: Хрватски филмови