Топоница или Топиница (, Крионери, старо Τεπονίτσας или Τοπίνιτσα) — река во Берско, Егејска Македонија.
Течение Реката извира од планината Шапка северно под возвишението Дервени (472 м) и јужно под Сопот (413 м) северно од Радјани под името Урда. Тече во североисточнен правец. Јужно од Кастања ги прима левите притоки Скаља, Керамида и Доксорија и излегува од планината. Јужно од Долно Хани во истоимената месност Топоница ја прима левата притока Керамида која доаѓа од Колиндар. Југозападно од Либаново оди во регулиран канал, свртува на исток и се влева во старото корито на Бистрица во блатото Алмира, кое е во бистричката делта.
На 6 август 1969 г. реката е преименувана од Топоница/Урда во Крионери.
Притоки → лева, ← десна → Мада Рема → Скаља → Керамида → Доксорија или Доксориес → Гаргарида → Думциос → Керамида ← Ватилак
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија) Категорија:Пидна-Колиндар