Питер Денис Таунсенд (анг: Peter Dennis Townshend; роден на 19 мај 1945 г.) ― англиски музичар. Тој бил коосновач, гитарист и главен текстописец на Who, една од највлијателните рок групи од 1960-тите и 1970-тите. The Who. Поради агресивниот стил на свирење и иновативните техники на пишување стихови, делата од Таунсенд биле многу фалени од музичките критичари.
Таунсенд напишал преку 100 песни за 12-те студиски албуми на Who. Меѓу нив се концептуални албуми, рок оперите Tommy (1969) и Quadrophenia (1973), како и популарниот рок радиски запис Who's Next (1971); и уште десетици други песни објавени како синглови без албуми, бонус песни на реизданија и песни на компилации, како Odds&Sods (1974). Тој, исто така, напишал над 100 песни за неговите соло албуми, како и радио џинглови и телевизиски тематски песни.
Иако најмногу е познат како гитарист, Таунсенд свири и клавијатури, бенџо, хармоника, усна хармоника, укулеле, мандолина, виолина, синтисајзер, бас гитара и тапани; тој е самоук на сите овие инструменти, а свири на свои соло албуми, неколку албуми од Who и како гостин соработник на многу музички записи од други уметници. Таунсенд, исто така, придонел и напишал многу написи во весници и списанија, рецензии за книги, есеи, книги и сценарија, а соработувал како текстописец и композитор за многу други музички дела.
Во 1983 година, Таунсенд ја доби наградата Брит за животно дело, а во 1990 година како член на Who бил примен во Куќата на славата на рокенролот. Таунсенд се нашол на трето место на листата за најдобри гитаристи The New Book of Rock Lists составена од Дејв Марш во 1994 година. Во 2001 година, како член на Who ја добил наградата Греми за животно дело; а во 2008 година ги добил почестите од Центарот Кенеди . На листата од Gibson.com за 2011 година од 50 најдобри гитаристи, тој бил рангиран на 10-то место, а во 2011 година бил на 10-то место на ажурираната листа од Rolling Stone за 100 најдобри гитаристи на сите времиња. На 21 мај 2016 година, тој и Роџер Далтри ја добиле наградата Џорџ и Ира Гершвин за животно дело во музиката.
Живот и кариера Таунсенд е роден во Чизвик, Западен Лондон во ОК. Потекнувал од музичко семејство: неговиот татко, Клиф Таунсенд, бил професионален алт-саксофонист, а неговата мајка Бети била пејачка.
Во 1961 се запишал на студии по графички дизајн на колеџот за уметност Илинг. На Илинг, Таунсенд студирал заедно со идниот гитарист од Ролинг Стоунс, Рони Вуд. Во 1964 г.,Таунсенд се откажал од колеџот за да се посвети на музиката.
Кон крајот на 1961 година, Таунсенд се приклучил на рокенрол групата Detours, предводена од Роџер Далтри. Преку мајката од Таунсенд, групата склучила менаџерски договор со локалниот промотор Роберт Друс, кој договорал да бидат предгрупа на многу други групи. Во 1963 година, таткото на Таунсенд ја аранжирал аматерска снимка „It Was You“, прва песна што ја напишал Пит Таунсенд. The Detours, во февруари 1964 година, дознале дека постои група со исто такво име и биле принудени ги да го променат името. Одлучиле да го сменат името во „The Who“.
Таунсенд ја напишал песната, „I Can't Explain“ која била прв хит на Who. Потоа The Who се здобиле со слава во Велика Британија по серија топ 10 хит синглови. Следеле албумите „My Generation“ (1965), „A Quick One“ (1966) и „The Who Sell Out“ (1967). Првите два албума се искачиле на прво место на бртитанската топ листа. Нивната слава растела со незаборавните настапи на фестивалите во Монтереј и на Вудсток. „Tommy“, издаден во 1969 година, бил првиот од серијата албуми кои стигнале во топ 10 во САД; по нив следеле „Live at Leeds“ (1970), „Who's Next“ (1971), „Quadrophenia“ (1973), „The Who By Numbers“ (1975), „Who Are You“ (1978) и „The Kids Are Alright“ (1979). десно|мини|260x260пкс| Техниката „ветерница“ од Таунсенд Покрај работата со Who, Таунсенд повремено бил активен и како соло музичар. Од 1969 до 1971 година Таунсенд снимил три албуми: Happy Birthday, I Am, и With Love. Во 1972 го објавил својот прв соло албум со „голем“ издавач: Who Came First.
Успех во соло кариерата Таунсенд забележал по објавување на албумот Empty Glass од 1980 година. Во 1982 година го објавил албумот All the Best Cowboys Have Chinese Eyes, на кој се наоѓала и популарната радио песна „Slit Skirts“. Во 1980-тите и раните 1990-ти, Таунсенд повторно почнал да експериментира со рок опери и сродни формати, и објавувил неколку албуми засновани на приказни, како White City: A Novel (1985), The Iron Man: A Musical (1989) и Psychoderelict (1993). Таунсенд, исто така, заедно со Хенк Марвин и други рок музичари како Дејвид Гилмор, Џон Бонам и Рони Лејн свирел на сесиите за албумот од Пол Макартни „Rockestra“. десно|мини|292x292пкс| Таунсенд на концерт, 2008 година
Дискографија
Соло албуми
Who Came First (1972) Rough Mix (1977) (со Рони Лејн) Empty Glass (1980) All the Best Cowboys Have Chinese Eyes (1982) White City: A Novel (1985) The Iron Man: The Musical by Pete Townshend (1989) Psychoderelict (1993)
Библиографија
Приказната за Томи (1977, Eel Pie Publishing ) – со Ричард Барнс Коњски врат (1985, Фабер и Фабер ) – збирка раскази Томи од The Who (1993, Pantheon Books ) The Who: Maximum R&B (2004, Plexus Publishing ) – со Ричард Барнс Кој сум јас (2012, ХарперКолинс ) – автобиографија Доба на анксиозност (2019 година, Коронет) - роман
Награди
Британски музички награди 1983 – Награда за животно дело Q Awards 1991 – Награда за заслуги Меѓународни рок награди 1991 – Награда за жива легенда Награда Тони 1993 година – Најдобра оригинална музика (музика и текст) – The Who's Tommy Греми награда 1994 година - најдобар музички шоу-албум (како композитор и текстописец за The Who's Tommy) Q Awards 1998 – Награда за текстописец Греми награди 2001 – Награда за животно дело Награди Ivor Novello 2001 – Награда за животно дело South Bank Show Award 2007 – Награда за животно дело Почесен докторат од Универзитетот во Западен Лондон, 2010 година MOJO Awards 2008 – Куќа на славата MOJO Awards 2008 – Класичен текстописец Награда за класичен албум за Quadrophenia од Classic Rock Roll of Honour Awards, 9 ноември 2011 година, Лондон, Англија TEC Awards 2013 – Les Paul Award Награда Стиви Реј Вон 2015 година Награда Џорџ и Ира Гершвин за 2016 година - животно музичко дело. Американска академија за достигнувања 2019 година – Награда Златна плоча. Таунсенд ја добил својата Златна чинија заедно со Роџер Далтри, а им ја доделил членот на Советот на награди Питер Гејбриел.
Други почести за животно дело
1990 Куќа на славата на рокенролот 2005 Куќа на славата на британската музика 2008 Почести од Центарот Кенеди
Наводи
Општи и наведени дела
Надворешни врски
Официјалната веб-страница на Who
Дискографија Pete Townshend
Pete Townshend Комерцијална веб-страница на Пит Таунсенд Eelpie (Архивирана верзија; страницата беше затворена во 2010 година) Pete Townshend Вљубен во Мехер Баба (напис на Таунсенд за Ролинг Стоун од 1970 година)
Категорија:Добитници на наградата „Тони“ Категорија:Добитници на Греми за животно дело Категорија:Англиски рок-пејачи Категорија:Англиски рок-гитаристи Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1945 година Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Добитници на наградата „Ајвор Новело“ Категорија:Англиски рок клавијатуристи Категорија:Англиски рок-музичари Категорија:Англиски текстописци Категорија:Англиски гитаристи Категорија:Англиски композитори Категорија:Англиски LGBT музичари Категорија:Англиски пејачи од 21 век Категорија:Британски гитаристи од 21 век Категорија:Британски гитаристи од 20 век