Балмор (исто така познат како Стадион Балмур; Balmoor Stadium) ― фудбалски стадион во шкотскиот град Питерхед, Абердиншир. Тоа е дом на ФК Питерхед. Стадионот има сместивост од 3,150 гледачи, од кои 1.000 можат да седат.

Стадионот бил отворен во 1997 година, откако стариот стадион на ФК Питерхед бил продаден на стопанското друштво на супермаркети Safeway. Стандардот на составните простории во Балмор бил еден од главните причини зошто Питерхед бил избран во Шкотската фудбалска лига во 2000 година, заедно со Елгин Сити.

Рекордна посетеност на Балмор е 4.855, за натпревар од третата лига на Шкотска фудбалска лига против Ренџерс на 20 јануари 2013 година. Ова го соборило претходниот рекорд од 4.505 луѓе.

Најблиската железничка станица до Балмор е Железничката станица „Абердин“, која е 51 км далеку. Ова е најголемото растојание помеѓу фудбалскиот терен за сениорска лига и најблиската железничка станица во Велика Британија. Балмор се наоѓа на патот А982, северно од средиштето на градот Питерхед.

Наводи

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Спортски зданија во Питерхед Категорија:Спортски зданија завршени во 1997 година Категорија:Зданија на шкотската Професионална фудбалска лига Категорија:Спортски зданија во Абердиншир Категорија:Зданија на Шкотската фудбалска лига Категорија:ФК Питерхед Категорија:Фудбалски зданија во Шкотска