Турскиот тетовски дијалект или турскиот тетовски говор е дијалект на турскиот јазик кој се зборува во Тетово и од страна на значајна турска заедница во Теарце. Дијалектот спаѓа во групата на северозападните турски говори во Македонија. Дијалектот е признат како културно нематеријално наследство на Република Македонија од категоријата на „особено значење“ и поткатегоријата „исклучително значење“.Говорот на Турците од Тетовско, Управа за заштита на културното наследство.
Распространетост Тетовскиот дијалект се зборува од турското население во Тетово, како и во селото Теарце. Во останатите села од тетовскиот крај нема значајно турско население.
Особини Тетовскиот дијалект, како дел од северозападните дијалекти, споделува голем број заеднички одлики со соседните говори, како и пошироките румелиски говори на турскиот јазик. Како и да е, овој дијалект има одредени особини кои го издвојуваат од околните говори, особено на фонетско ниво.
Фонолошки особини Одредени фонолошки особини на дијалектот се:
во дијалектот се среќаваат сите гласови кои се присутни во стандардниот турски јазик, освен гласот “?” и гласови позајмени од македонскиот јазик. Наместо “?” се употребува вокалот “o”, а во другите случаи вокалот “u” кај повеќесложните зборови наместо вокалите i, ?, u доаѓа вокалот i кај повеќесложните зборови тесните вокали во вториот или другите и затворените слогови вокалот i преминува во вокалот ? староосманското g се пази во сите позиции о средината на зборот помеѓу два вокали место консонантот c (џ) доаѓа консонантот j (ж): geje<gece,
Морфолошки особини Одредени морфолошки особини во дијалектот се:
наместо наставката за сегашно време –yor се употребува –y наместо наставката за идно време –acak/-ecek се употребува –ejek кај трето лице еднина при минато неопределено свршено време наставката –mi? доаѓа секогаш наместо другите варијанти како што се –m?? прашалната наставка се јавува само во формата mi: k???g?ni mi<k?????n? m?, yok mi<yok mu
Наводи
Поврзано Турски јазик Македонски Турци
Категорија:Турски дијалекти во Македонија Категорија:Нематеријално културно наследство