„Маска: поетична комедија“ — драма во стихови на српскиот писател Милош Црњански.
Ликови Во драмата се појавуваат следниве ликови (комедијанти):Miloš Crnjanski, Priče o muškom. Beograd: BIGZ, 1973, стр. 131. Генералицата, аристократка од Рим, жена која веќе вене Глумицата, млада жена која носи ист костум и има иста коса како генералицата Чезар, морнарички офицер, внук на генералицата и нејзино милениче кое таа го нарекува „бебе“ Бранко Радичевиќ, медицинар Рајачиќ, српски патријарх баронот Бах, австриски министер баронот Шалер, Австриец од Дубровник Нако, богаташ сентмиклушки Даничиќ, филолог Станковиќ, музичар Стратимировиќ, заповедник од 1848-49 Пелагија Воиновиќ, тетка на Чезар по мајка му Жан, слуга еден генерал една баронеса господа, офицери, дами, неки маски, слуги
Содржина Генералицата приредува забава со маски на која учествуваат бројни угледни гости. Нејзиниот внук, Чезар ѝ ја изјавува својата голема љубов на глумицата, која е решена да ја прекине љубовната врска со неа, а тој се заканува дека ќе ја убие. Генералицата, пак, одржува љубовна врска со Стратимировиќ, но тој ја обвинува дека таа има и други љубовници. На забавата присуствува и Бранко Радичевиќ, кој е болен од туберкулоза поради што е убеден дека наскоро ќе умре. Привлечена од неговата младост и исплашена од староста, генералицата му ја нуди својата љубов, но тој ја одбива, зашто е разочаран од животот. Генералицата флертува со слугата Жан, а тоа го гледа Чезар, кој побеснува од глетката и се онесвестува. Кога се освестува, нему му приоѓа жена во маска, облечена како глумицата, која го преколнува да ја минат ноќта заедно, а тој, пак, мислејќи дека таа е глумицата, ја кани да заминат некаде далеку и да се венчаат. Кога случајно ѝ ја потргнува маската, Чезар открива дека таа е, всушност, генералицата, го зема револверот и се убива.Miloš Crnjanski, Priče o muškom. Beograd: BIGZ, 1973, стр. 135-186.
Наводи
Категорија:Дела на Милош Црњански Категорија:Српски драми