Селиште или Гуршет — поранешно село во Гевгелиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало северно од с. Љумница, на место на самата денешна граница со Р Македонија, југоисточно од селото Ума преку границата.

Историја Ова мало македонско село се распаднало на почетокот на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“. Оваа судбина ги снашло и другите околни ридско-планински села. Неговите жители се преселиле во Љумница, а нивните потомци и денес имаат имоти во некогашниот атар на Селиште. Имаат посебни гробишта, одвоени од другите, веројатно бидејќи нивните предци се Македонци, а околните жители се Власи.

Топонимите „Селишта“ и „Горшет“ опостојуваат и денес. Првото е во атарот на Ума, а второто е месност на која стои гранична пирамида.

Наводи

Категорија:Историски села во Пајонија (општина)