Финеренон е лек кој се користи за намалување на ризикот од опаѓање на бубрежната функција, бубрежна слабост, и хоспитализација поради срцева слабост кај пациенти со хронична бубрежна болест асоцирана со тип 2 дијабетес. Финеренонот е нестероиден антагонист на минералокортикоидниот рецептор.

Чести несакани ефекти се хиперкалемија (високо ниво на калиум), хипотензија (низок крвен притисок), и хипонатремија (ниско ниво на натриум).

Финеренон бил одобрен за медицинска употреба во САД во јули 2021, а во Европска Унија во февруари 2022.

Наводи

Категорија:Диуретици Категорија:Фенолни етри