Огнило — некогашно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа, Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало на југозападниот брег на Малото Преспанско Езеро, во близина на Трново. Лежело на падината под возвишението Цуцуљ, во денешната месност Фоја.
Историја Огнило е потопено во втората половина на XVII век поради покачување на езерската вода. Според Тодор Симовски, во исто време се поплавени и селата Бушкани и Драгумица, иако тие се иселени доста подоцна.
Наводи
Категорија:Историски села во Преспа (општина)