Корешта (дикалектно: Корешча; , Неос Икисмос или Κορέστια) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населено е исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа во областа Корешта, на левиот (источен) брег на Рулска Река (Бистрица). Оддалечено е 12 км северно од градот Костур
Историја Селото е создадено во 1960-тите години со преселување на македонското население од околните села Габреш на десниот брег Рулска Река, Горно и Долно Дреновени и Чрновишта и Поздивишта на левиот. Властите подигнале 150 нови куќи со намера да го префрлат населението со цел негово полесно контролирање. Во пописите од 1971 и 1981 г. населбата е заведена без жители, бидејќи населението сè уште одбивало да ги напушти старите села.
Население
Наводи
Категорија:Костур (општина)