Кристијан Фредрик (дански: Kristian Fredrik) прво нецели три месеци од мај до август 1814 година бил крал на Норвешка, а подоцна како Кристијан VIII крал на Данска од 1839 г. до неговата смрт во 1848 г. Кристијан Фредерик бил најстар син на наследниот принц Фредерик, помлад син на кралот Фредерик V од Данска и Норвешка. Бидејќи неговиот братучед Фредерик VI немал синови, Кристијан Фредерик станал престолонаследник во 1808 година.

Биографија Принцот Кристијан Фредерик од Данска и Норвешка е роден на 18 септември 1786 година во палатата Кристијансборг, главна резиденција на Данската монархија на островот Слотхолмен во централниот дел на Копенхаген. Тој официјално бил најстар син на принцот Фредерик од Данска и Норвешка и војвотката Софија Фредерика од Мекленбург-Шверин. Како син на принцот Фредерик од Данска и преку лозата на неговиот вујко Кристијан VII, Кристијан Фредерик бил наследник на данската круна.

Кога се родил принцот Кристијан Фредерик, полубратот на неговиот татко, Кристијан VII, бил крал на Данска-Норвешка, но поради менталната болест на кралот, тој не можел самостојно да владее. лево|мини| Портрет на Шарлот Фредерика од Карл Фредерик фон Бреда 1806 година. На 21 јуни 1806 година, во Лудвигслуст се оженил со неговата братучетка, војвотката Шарлот Фредерика од Мекленбург-Шверин.

Младите сопружници најпрво живееле во палата во Војводството Холштајн. Таму им се родил нивниот првороден син, принцот Кристијан Фредерик, кој се родил и починал на 8 април 1807 година. Во 1808 година, се преселиле во Копенхаген, каде што на 6 октомври 1808 година, им се родил нивниот втор син и единственото преживеано дете, принцот Фредерик Карл Кристијан, идниот крал Фредерик VII од Данска.

Крал на Норвешка мини|Кристијан Фредерик во 1813 г., на 27 годишна возраст Во мај 1813 г., како наследник на кралствата Данска и Норвешка, Фридрих VI го испратил во Норвешка како вицекрал за да ја промовира лојалноста на Норвежаните кон Олденбуршката династија. Кристијан направил сè што можел за да ги зајакне врските меѓу Норвежаните и кралската куќа од Данска. По Килскиот договор според кој Норвешка требало да му биде отстапена на шведскиот крал, Кристијан Фредерик застанал на чело на норвешката партија за независност. На 16 февруари 1814 година, норвешкото собрание го избрал за регент на Норвешка.

Норвешкото уставотворно собрание на 17 мај го потпишло уставот, а Кристијан едногласно бил избран за крал на Норвешка под името Кристијан Фредерик. Кристијан не успеал да ги заинтересира големите сили за норвешката кауза. Под притисок на сојузничките сили воспоставил унија меѓу Норвешка и Шведска во согласност со условите на Договорот од Кил, а потоа се вратил во Данска. Рекол дека како уставен крал не можел ништо да направи без согласност од парламентот (Стортинг), кој не можел да се свика додека не дојде до прекин на непријателствата од страна на Шведска.

Шведска ги одбила условите на Кристијан и започнала кратка воена кампања во која норвешката војска била поразена од силите на шведскиот престолонаследник Карл Јон. Војната завршила со Конвенцијата од Мос на 14 август 1814 година. Според условите од овој договор, кралот Кристијан Фредерик ја префрлил извршната власт на Стортинг, а потоа абдицирал од престолот и се вратил во Данска. Стортинг, пак, ги усвоил уставните амандмани неопходни за да се овозможи личен сојуз со Шведска и на 4 ноември го избрал Карл XIII од Шведска за нов крал на Норвешка, под името Карл II.

Дански престолонаследник лево|мини| Портрет на принцот Кристијан како наследник, По враќањето во Данска, во палатата Аугустенборг на 22 мај 1815 година Кристијан се оженил со својата втора сопруга, принцезата Каролина Амали од Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Аугустенбург (ќерка на Луиза Аугуста од Данска, единствена сестра на Фредерик VI). Со неа немал деца.

Кристијан имал десет вонбрачни деца, за кои внимателно се грижел. Се наведувало дека меѓу вонбрачните деца е и бајкописецот Ханс Кристијан Андерсен, но нема доволно докази за да се поткрепи тоа.

Крал на Данска десно|мини| Портрет на Кристијан VIII, од Вилхелм Марстранд, На 3 декември 1839 година седнал на данскиот престол како Кристијан VIII. Либералната партија се надевала дека Кристијан ќе им даде устав. Но, Кристијан станал конзервативен и постојано го отфрлал секој либерален проект. Административната реформа била единствената реформа која ја ветил. Често бил колеблив и половичен во врска со растечките национални немири во војводствата Шлезвиг и Холштајн, што го нарушувал неговиот углед во тие области. Дури во 1846 година јасно ја поддржал идејата Шлезвиг да биде данска област.

Кралот Кристијан VIII го продолжил покровителството на неговиот претходник во астрономијата, доделувал златни медали за откривање на комети со телескоп и финансиски го поддржувал Хајнрих Кристијан Шумахер. За време на неговото владеење, на Британците во 1845 им биле продадени последните дански поседи во Индија.

Неговиот единствен легитимен син, идниот Фредерик VII (1808–1863) три пати се женел, но немал легитимен наследник. Со оглед на тоа што веројатно немало да добие наследници, Кристијан сакал да избегне наследна криза и се ангажирал на Данска да ѝ обезбеди наследник.За наследен принц го избрал Кристијан IX. Изборот бил официјализиран со нов закон донесен на 31 јули 1853 година по меѓународен договор склучен во Лондон.

Кралот Кристијан починал од сепса во 1848 година и бил погребан во катедралата Роскилде на островот Зеланд, традиционално гробно место за данските монарси од 15 век.

Наводи

Надворешни врски

Кралската лоза на веб-страницата на Данската монархија Кристијан VIII на веб-страницата на Кралската данска колекција во замокот Розенборг

Категорија:Починати во 1848 година Категорија:Родени во 1786 година Категорија:Статии со извори на италијански (it) Категорија:Статии со извори на шведски (sv) Категорија:Статии со извори на шпански (es) Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“ Категорија:Монарси кои абдицирале Категорија:Дански монарси Категорија:Регенти на Норвешка Категорија:Олденбуршка династија Категорија:Војводи од Холштајн Категорија:Војводи од Шлезвиг Категорија:Норвешки монарси