Аспарух Јосифоски (Прилеп, 1912 — Скопје, 1990) — македонски комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938 — 1941) и на НОБ во вардарскиот дел на Македонија (1941 — 1944). Тој бил брат на народниот херој Кузман Јосифоски-Питу и братучед на Димитар Чкатров.

Животопис Едвај го завршил основното образование. Потоа работел како бакал.

На 11 октомври, Аспарух Јосифоски учествувал во основањето на првиот партизански одред на месноста Црвени стени.

Заедно со Благоја Спиркоски, Душко Наумоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски, учествувале во нападот на полицискиот участок во Прилеп.

Заради нелегалните активности, тој бил уапсен и интерниран во Добруџа.

По капитулацијата на Бугарија на 8 септември 1944 година, тој се вратил во Прилеп и бил поставен за командант на база, а потоа се преселил во Скопје.

Работел во МВР, а во 1964 година се пензионирал со чинот мајор.

Починал во Скопје во 1990 година.https://www.oldprilep.com/asparuh-josifoski/

Наводи

Категорија:Родени во 1912 година Категорија:Починати во 1990 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Југословенски партизани Категорија:Затвореници во Бугарија