мини|Катедралата Свети Јован Крстител во Монца мини| Катедралата во историските мемоари на Монца и нејзиниот двор (1794) мини|Мозе Бјанки, Внатрешноста на катедралата во Монца Катедралата во Монца, официјално малата базилика на Сан Џовани Батиста, претставува религиозен објект подигнат до ранг на мала базилика, Catholic.org Basilicas in Italy помеѓу четиринаесеттиот и седумнаесеттиот век.
Катедралата е сместено на истоимениот плоштад во центарот на градот Монца. Посветена е на Свети Јован Крстител и е седиште на парохијата Сан Џовани Батиста. Во објектот се наоѓа познатата железна круна, а камбанаријата претставува највисоката градба во целиот град.
Историја на катедралата
Од почетокот на изградбта до XIV век Градот Монца не претставува класичен панорамски дел како и останатите помали населени места во миланската област. За време на владеењето на Остроготите Паоло Диаконо во својата книга насловена како Историја на Ломбардија, ја нагласува близината на гратчето Монца до големиот центар Милано и особено ја нагласува благопријатната клима. Тоа била главната причина што го навеле Теодорих да ја изгради својота Голема палата токму таму.P. Diacono, Historia Langobardorum, Libri III et IV лево|мини| Прозорецот розета и статуата на Свети Јован Крстител Првата црква била изградена од страна на кралицата Теодолинда и тоа во вид на палатинска капела на нејзината Кралска палата во Монца, на просторот кој го заземала летната резиденција на ломбардскиот двор.Објектот за кој има некакви пишани записи бил посветен на Свети Јован Крстител, а подигнат во 595 година. Кралицата имала величествено украсена палата која била изградена во градот Монца. Градители биле величенствените мајстори од Ломбардија. Веднаш до палатата била основала базиликата која е посветена на Свети Јован Крстител. Кралицата за потребите на базиликата подарила многу златни и сребрени украси, но и доволни приходи потребни за нејзиното функционирање. Зачуваните информации кои се достапни за оригиналниот и почетен храм биле многу сиромашни. Единствениот достапен извор претставува Историјата на Ломбардија, напишана од Паоло Диаконо кој успеал да ја состави во самракот (почетните години) на владеењето на Ломбардите.
Од 603 година Црквата Сан Џовани Монзезе претставувала палатинска капела. Овој храм бил исклучително користен објект и тоа било местото каде што било извршено крштевањето на Адалоалдо, синот на кралицата Теоделинда и Агилулфо. Адалоалдо бил наследникот на ломбардскиот престол. Крштевањето го направиол Тренто Втори, кој во тоа време бил бенедиктински игумен, а воедно и советник на кралицата.
Во таа, но и во други ситуации, папата Григориј I го изразил своето одобрување за политичкиот проект на кралицата Теодолинда. Затоа испратил голем број на подароци и писма, насочени кон нормализирање на односите помеѓу папската столица и ломбардскиот народ. Со тој чин направени се напори ломбардијците да се вратат од таканаречената аријанска ерес кон чистиот католицизам.
По смртта на кралицата во 627 година, нејзиниот погреб бил изведен во просторот на базиликата. Местото на погребот, кое и било дадено, било во знак за нејзината посветеност кон црквата и религијата. Нејзиното вечно почивалиште останало на тоа место сѐ до 1308 година, кога посмртните останки биле преместени во саркофаг, кој денес се наоѓа во капелата Теодолинда. Саркофагот станал предмет на почит долги векови. Секоја година, на годишнината од смртта на Теоделинда, а тоа било 22 јануари, се одржувала церемонија крај олтарот во капелата, во близина на нејзиниот гроб.
Од четиринаесеттиот век до денес Обновувањето на катедралата води потекло од 1300 година, кога протоерејот Авокато дели Авокати во годината на првиот јубилеј во историјата на христијанството, го поставил првиот камен за изградба на новиот храм. мини| Поранешниот евангелизатор на Матео да Кампионе бил во 18 век преадаптиран во место за црковен хор. мини|Погребен камен на Матео да Кампионе, заѕидан надвор од капелата на Бројаницата Втората градежна офанзива била мотивирана од потребата да се прошири објектот (инспирација добиена од современите културни градби, како што бил на пример храмот Сан Франческо изграден на местото нарекувано „на големата ливада“ во самата Монца). Реконструкцијата била за да се прилагоди одреден простор кој бил потребен за враќањето на Ризницата од градот Авињон (во 1345 година) наметнат, некаде кон средината на векот. Архитектот на оваа втора градежна експанзија бил Матео да Кампионе,R. Conti, Il Duomo di Monza: 1300-2000. VII centenario della fondazione: guida storico-artistica, Silvana, 1999 експонент на градителското семејство на кои доаѓаат од езерската област помеѓу покраината Ломбардија и сегашниот кантон Тичино. Господинот Висконти кој бил владетел во тој период му нарачал на архитектот Матео голем број на градежни, но и украсни елементи за потребите на Војводството во текот на тристотините години од вториот милениум. Неговата погребна плоча (од 1396 година, била изѕидана надвор од капелата на Бројаницата) нè информира за неговата активност и тоа за завршувањето на големата фасада, потоа изградбите на говорницата и крстилницата. Сите градби сведочеле за престижот кој го постигнал и за неговата голема посветеност. Тој секако бил изведувач на стремежот и желбата на владетелот Висконти да изгради голема базилика каде ќе се извршуваат царските крунисувања. Традицијата според германскиот начин на крунисување бил идниот цар да преземе вкупно три круни, сребрената во градот Ахен, златната во градот Рим и „ железната“ во Монца (или Милано). За сите овие традиционални моменти постои иконографско сведоштво поставено на големата плоча (порано ова иконографско сведоштво било поставено во позадинскиот дел на амвонот) која денес се наоѓа на влезот од просторот наречен сакристија.Duomo di Monza | La basilica, la parrocchia e i suoi parrocchiani - Home лево|мини| Поглед на високиот олтар и антепендиумот Архитектот Матео бил одговорен и за изградбата на двете идентични капели од страните на главната апсида. Капелата од десната страна (порано посветена на Светиот нокт, а денес посветена на Светата Бројаница) била уредена и украсена некаде помеѓу 1417 и 1418 година (во внатрешноста е зачуван еден фрагмент од распетието Христово, изработено од страна на Мишелино да Бесоцо). Од левата страна се наоѓала другата идентична капела (посветена на кралицата Теодолинда) украсена помеѓу 1444 и 1446 година од страна на семејството Заватари, инаку ломбардски сликари кои го создале познатиот циклус составен од доцноготски фрески.
Било потребно да помине повеќе од еден век за да се случи обновувањето на декоративните елементи. Тогаш се случиле и интервенции во деловите на краците на трансептите. Во втората половина на 16 век, во однос на трансформациите наметнати од Советот на градот Тренто, започнала изведбата на темелната реконструкција на областа од апсидата. Поради тие градежни зафати требало да се сруши позадинскиот ѕид на главната капела. Потоа се случила изградба на огромната презвитерија, која во потполност ги следела строгите доцноготски стилови. мини|Катедралата во Монца, внатрешноста При крајот на векот, на левата страна од фасадата била изградена новата камбанарија, врз основа на проектот на архитектот Пелегрино Тибалди. За новата камбанарија биле користени тули таканаречени Кавалера кои биле носени од блиското село Орено. Во 1644 година бил излеан сводот за централниот кораб, а во 1681 година била изградена октагоналната капела во тајниот простор наменет за сместување на ризницата. Првите децении на 18 век, коинцидирале со обновувањето на култот на Светиот нокт. Било постигнато силно декоративно закрепнување. Целата градба била трансформирана во еден вид на антологија на доцното барокно сликарство.
Стилот на неокласиката бил обележан со високиот олтар кој бил дизајниран од страна на Андреа Апијани (1798), но и со новата говорница изработена од Карло Амати (1808). За време на француското владеење или таканаречен француски период, две третини од златните и сребрените предмети кои биле чувани во катедралата во Монца биле доставени до миланската ковачница за да можат да се стопат и да се искористат за исплаќање на трошоците наменети за воени потреби. Наполеон Бонапарт, во тој период ги поседувал богатствата на базиликата и библиотеката. Голем дел од тие вредни работи, особено од делот на библиотеката, биле испратени во Националната библиотека во Париз. По падот на Првата империја (француска -1815 година), жителите на Монца побарале да се вратат сите богатства одземени од страна на Французите. Kруната на Агилулфо, која била чувана во катедралата во Монца била стопена во Париз. Катедралата за време на француското владеење била подложена на големи наполеонови грабежи.
Некаде кон крајот на 19 век се случииле големите конзерваторски и стилско реставраторски активности во делот на капелата наречена Теодолинда. Поголеми зафати пред сè се случиле на просторот од внатрешните фасадни ѕидови. Овие конзерваторско реставраторски работи ги извршиле Лука Белтрами и Гаетано Ландријани. Конкретно, радикално биле трансформирани и обновени едикулите на врвот (повеќето биле отстранети некаде во 17 век со исклучок на еден) и соодветна замена на редовите со црн мермер со потекло од Варена. Дополнително била додадена и зелена серпентина наречена Оира, за со неа да се нагласи еден вид на хиперкорективизам или да се додаде таканаречена тосканска компонента врз кампионската фигуративна изведба.
Во 2009 година скулпторот Алберто Џанфреда ја создал скулптурата именувана како Брациере или еден вид на преносна крстилница.
Во месец август 2020 година, било отстрането последното скеле од делот на фасадата, која започнала да се реконструира во 2013 година. Новиот олтар бил завршен на 5 октомври 2014 година од страна на миланскиот архиепископ Анџело Скола. Завршениот олтар го задржал античкиот позлатен дрвен фронтал со потекло од Боргино дал Поцо. На фасадата биле вратени оригиналните нијанси кои ги имаат мермерите Кандоглиа и Мусо. Овие мермери со текот на времето биле делумно оштетени со процесот на оксидација.
Декорација мини|Свадбената прослава на Теоделинда, од фреските на капелата Теоделинда, во катедралата во Монца Со исклучок на поставките во капелата Теодолинда, во останатите делови сепак малку е зачувано од претходната внатрешна декорација која водела потекло од времето на барокот. Овој факт длабоко влијаел врз изгледот на внатрешниот простор на катедралата.
Внатрешна декорација
Трансепти Декорациите на внатрешните куполи во просторот на трансептите со својот изглед нè навраќаат во доцната маниристичка епоха. Јужната купола, односно трансептот, (изработен од страна на Алберо ди Џесе, Џузепе Арчимболди и Џузепе Меда, во 1558 година) и северната (на која има приказ од Свети Јован Крстител, изработена од страна на Г. Меда и Џован Батиста Фиаменгино, во 1580 година).
Оргули Звучниот елемент е сместен во куќиште наречен Простор на евангелието. Тој претставува голем инструмент составен од 12 стапки и изграден во италијански ренесансен стил. Производството е на италијанската компанија Густаво Занин. Оваа оргула поседува 17 регистри и единечна тастатура со вкупно 54 ноти. На делот на педалата постои табла со 18 ноти.
Друг инструмент е сместен во Просторот на Посланието. Опусот му е со вредност од 617. Изработката е на престижниот швајцарски производител на оргули Мецлер Оргелбау. Овој инструмент е со целосно механички менувач, има 29 регистри распоредени во две редици и една педала. Оргулата е изработена во 2002 година.
Презвитерство