Аднкронос е италијанска новинска агенција.

Историја и профил Аднкронос била основана во 1963 година со спојување на две агенции, Кронос (основана во 1951 година) и Агенција Ди Нотицие (основана во 1959 година). Агенцијата е со седиште во Рим.

Аднкронос е во сопственост на Џузепе Мара Комуникации. Нејзин главен уредник е Џузепе Мара.

Агенцијата била проширена за да го вклучи Аднкронос Салут која е здравствена агенција. Во 2003 година, агенцијата ја основала својата меѓународна канцеларија, Аднкронос Интернешнл, која обезбедува вести и извештаи на арапски и англиски јазик, главно од арапскиот свет.

Во јули 2014 година, Аднкронос Интернешнл потпишал договор со официјалната новинска агенција на Иран, ИРНА, за промовирање на билатералната новинска соработка. мини|Главно седишта на компанијата, во плоштадот Мастаи, Рим Агенцијата го објавила и Il libro dei fatti, италијанското издание на Светскиот алманах. Наводи

Надворешни врски

adnkronos.com, официјална веб-страница на агенцијата (на италијански ) adnkronos.com/AKI/English, официјална веб-страница на агенцијата на англиски јазик adnkronos.com/AKI/Официјалната веб-страница на агенцијата на арапски јазик

Категорија:Италија Категорија:Новинарство