Ѓорѓи Колозов ( во Богданци – во Скопје) — македонски глумец, еден од најпознатите во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ. Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, Соединетите Држави, како и во соседните држави на Балканот.
Образование Дипломирал на Академијата за драмска уметност (денес Факултет за драмски уметности), на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година.
Кариера По дипломирањето, тој бил во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.
Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирката народни преданија издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и други. Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците.
Почнувајќи од 1984 година, со серијата која првично била насловена како „Легенди и преданија“, па од 1986 до 2003 година како телевизиска серија „Македонски народни приказни“ во продукција на МРТ, имал снимено околу 300 епизоди.
Во Драмата на Македонскиот народен театар се вработил во 1975 г. На оваа сцена имал остварено позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.Мазов, Иван (1982) Сцената и Човекот. Скопје: Книгоиздателство Култура, 1-4 том
Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар Филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, "Нели ти реков", "Истрел", „Тетовирање„ и други.
Во 2016 година од страна на Државниот архив на Република Македонија биле објавени документи според кои Ѓорѓи Колозов бил следен од страна на Управата за државна безбедност во времето кога бил студентhttp://sitel.com.mk.
Театарски претстави
Ристе, во „Чорбаџи Теодос", од Васил Иљоски, р. Тодор Николовски, Театар Куманово (1966). Том Чери, во „Црвениот цвет", Театар Куманово (1967). Мико, во „Нажалена фамилија", Театар Куманово (1967). Драгиша, во „Командант Силер" од Борислав Михајловиќ, р. Благоја Андреев, Театар Штип (1967). „Вујко Вања" од Антон Павлович Чехов, р. Благоја Андреев, Театар Куманово (1968). „Птици без јато" од Душан Роксандиќ, р. Александар Ѓорчев, Театар Куманово (1969). „Матуранри" од Жоже Андру Лакур, р. Драгољуб Димовски, Театар Куманово (1970). Продавач, во „Јунона и Паунот", од Шон Окејси, р. Слободан Унковски, МНТ (1971). Иван Петорубљ, во „Зајдисонце", од Исак Бабељ, р. Бранко Ставрев, МНТ (1971). Мажот, во „Сите мои синови" од Артур Милер, р. Ацо Алексов, Театар Куманово (1971). Професорот Аутенрит, во „Хелдерлин", од Петар Вајс, р. Владимир Милчин, МНТ (1973). Водачот, во „Децата на сонцето", од Максим Горки, р. Владимир Милчин, МНТ (1973). Паул Алтман, во „Господа Глембаеви", од Мирослав Крлежа, р. Владимир Милчин, МНТ (1974). Петрушка, во „Од многу ум", од Александар Грибоедов, р. Димитар Ќостаров, МНТ (1974). Спинто, од „Андрокле и лавот", од Џорџ Бернард Шо, р. Виолета Џолева, МНТ (1976). Бакалот, во „Соблазна во шентфлоријанската долина", од Иван Цанкар, р. Владимир Милчин, МНТ (1976). Алтернација, во „Госпоѓа Министерка", од Бранислав Нушиќ, р. Димитар Ќостаров, МНТ (1977). Мајсторот од пиланата, во „Крчма под зеленото дрво", од Петер Ковачиќ, р. Владимир Стрниско, МНТ (1977). Семинаристот, во „Бесови", од Албер Ками, р. Илија Милчин, МНТ (1978). Кајгана, во „Женидба", од Н. В. Гогољ, р. Бранко Ставрев, МНТ (1979). Полицискиот писар, во „Милион маченици" од Ристо Крле, р. Петре Прличко, МНТ (1980). „Остен", од Бранко Ставрев, р. Бранко Ставрев, МНТ (1981). Полициски старшија, во „Свирач на покривот", од Џери Бок, р. Владо Штефанчиќ, МНТ (1983). Кметот, во „Макавејските празници", од Живко Чинго, р. Бранко Ставрев, МНТ (1983). Бого, мечка, во „Воена тајна", од Душан Јовановиќ, р. Душан Наумовски, МНТ (1984). Даг, во „Слободни врски", од Мајкл Велер, р. Ајрин Луис, МНТ (1984). Танаско, во „Рамна земја", од Ташко Георгиевски, р. Владимир Милчин, МНТ (1985). Поцко, во „Чорбаџи Теодос", од Васил Иљоски, р. Ацо Алексов, МНТ (1985). Алтернација, во „Мрестење на краповите", од Александар Поповиќ, р. Ацо Алексов, МНТ (1987). Џинот Акоти, во „Рекламна бајка", од Русомир Богдановски, р. Коле Ангеловски, МНТ (1989). Витја, во „Валпургиска ноќ", од Венедикт Ерофеев, р. Владимир Портнов, МНТ (1990). Шамраев, во „Галеб”, од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, МНТ (1990). Џинот Карузо, во „Чудовишта во нашиот град", од Русомир Богдановски, р. Коле Ангеловски, Театат за деца и младинци (1992). Рударот, во „Бунт во домот за старци", од Венко Андоновски, р. Бранко Ставрев, МНТ (1994). Селанец, во „Македонска крвава свадба", од Војдан Поп Георгиев, р. Сашо Миленковски, МНТ (1995). Божин, во „Женско царство", од Шенка Колозова, р. Шенка Колозова, Т. Колозов (1996). Еленки Историк Пху, во „Мелница”, од Митко Маџунков, р. Бранко Ставрев, МНТ (1996). Таткото, во „Нема да платиме", од Шенка Колозова, р. Драган Велјановски, Т. Колозов (1997). Плутон, во „Плутос" од Шенка Колозова, р. Драган Велјановски, Т. Колозов (1999).
Филмографија Година Филм Улога1970-ти▲ 1971Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм Партизан 1972Истрел ТВ-филм 1973Смилевскиот конгрес ТВ-филм Христо Узунов 1975Волшебното самарче ТВ-серија 1975Јад ТВ-филм 1977 Нели ти реков ТВ-филм 1978Златни години ТВ-серија 1979 Наши години ТВ-серија 1980-ти▲ 1980Учителот ТВ-филм 1981Црвениот коњ ТВ-филм 1981Милион Маченици ТВ-филм 1982Илинден ТВ-серија 1982Едно лето ТВ-серија 1983Записник ТВ-филм 1983Кога тетин Клименте шеташе над градот Меанџијата1984Исчекување ТВ-филм 1984 Нели ти реков ТВ-филм Учителот1984Исповед на таксистот ТВ-филм 1984Јуначко колено ТВ-серија Чакмак-ефенди 1984Белото Циганче ТВ-серија 1984-1985Македонски народни приказни ТВ-серија1984-1985Легенди и преданија 1985Случки од животот ТВ-серијаСтавре 1985-1986Крале Марко јунак стана ТВ-серија Дедото 1985Ајде да се дружиме ТВ-серија Поце Кокале 1985На наш начин ТВ-серија 1985Од зад грб ТВ-филм 1986-1992Македонски народни приказни ТВ-серија1987Случки од животот ТВ-серијаСтавре 1987Македонски балади ТВ-серија Јанкула, Александар Турунџев 1987-1990Трст виа Скопје ТВ-серија Ристо Кабџеш1987Народни трибуниВасил Главинов1987-1988Чук, чук Стојанче ТВ-серија 1988 Марика лета со авион ТВ-филм 1988-1991Тврдокорни ТВ-серија Дервишот 1989-1993Еурека ТВ-серија1990-ти▲1990Весела математика ТВ-серија1990-1994Во светот на бајките ТВ-серија 1991Елелига Пепелига ТВ-серија 1991Поштар ТВ-филм Поштар 1 1990-1991Опстанок ТВ-серија Селанец 1991Тетовирање ТВ-филм Лале 1992 Македонски народни приказни ТВ-серија 1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија Џинот Карузо 1992 Последната Македонска елегија ТВ-филм 1992 Време, живот ТВ-филм 1993-1995 Македонски народни приказни ТВ-серија 1994 Пред дождот ТВ-филм 1994 Прекалени ТВ-серија 1994-1995 Бумбари ТВ-серија 1995Во светот на бајките ТВ-серија 1995Бус за Дус ТВ-серија 1995-1997 Македонски народни приказни ТВ-серија 1996Батко Гого нема Пари ТВ-филм / 1996-2000Во светот на бајките ТВ-серија 1998-2000Македонски народни приказни ТВ-серија 1999Време, живот ТВ-филм 1999Каца ТВ-филм Трајче2000-ти▲ 2000-2001Светот има осум страни ТВ-серија /2000-2003Македонски народни приказни ТВ-серија 2001 Прашина ТВ-филм Комиташ 2003Последниот фалцер ТВ-филм Грбавиот
Награди Награда „13 Ноември“ Награда „Ристо Шишков“ Награда за уметник на годината според анкетата на Екран Награна „Војдан Чернодрински“ Награда за најпопуларно ТВ-лице според анкетата на Екран Награда „11 Октомври“ Награда на весникот „Дневник“ од Нови Сад, за улогите во „Македонски народни приказни“ Награда „Васил Иљоски“
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1948 година Категорија:Починати во 2003 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Глумци од Богданци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски режисери Категорија:Југословенски глумци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Ристо Шишков“