Неапол '44: Офицер за разузнавање во италијанскиот лавиринт се воени мемоари од Втората светска војна напишани од британскиот патеписец и романописец Норман Луис, и првпат објавени во 1978 година.

Книгата е во форма на дневник кој што го водел Луис кога тој бил наредник во Теренската безбедносна служба на Британскиот армиски разузнавачки корпус во јужна Италија од септември 1943 до октомври 1944 година.

Воениот историчар Сер Џон Киган го опишал како „еден од најголемите лични мемоари од Втората светска војна“.John Keegan, The Second World War (London, Penguin Books, 2005), p. 79.

Мемоарите на Луис се значајни по прикажувањето на воените страдања што ги преживеал цивилното население во градот Неапол. Неговиот застрашувачки и трогателен извештај за групата слепи девојчиња сирачиња на кои им била одбиена храна во ресторанот во градот е наведена од неколку други автори:Искуството го промени мојот поглед. Досега се држев за утешното верување дека човечките суштества на крајот ќе се помират со болката и тагата. Сега сфатив дека не сум во право, и како Пол претрпев преобраќање - но во песимизам. Овие мали девојчиња, од кои било која може да биде и моја ќерка, влегоа во ресторанот плачејќи и плачејќи ги одведоа. Знаев дека, осудени се и на вечна темнина, глад и загуба, тие непрестајно ќе плачат. Тие никогаш не би се опоравиле од нивната болка, а јас никогаш не би се опоравил од сеќавањето на тоа.Norman Lewis, Naples ’44 (London, Eland Books, 1983), p. 53.Неапол '44 првпат бил објавен од Вилијам Колинс во 1978 година и повторно објавен од Еланд Букс во 1983 година.

Италијански / англиски документарен филм кој е базиран врз ова дело, Неапол'44, во режија на Франческо Патиерно и кој е раскажан од Бенедикт Камбербач, премиерно бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Рим во октомври 2016 година.

Наводи

Надворешни врски

Официјална интернет страница на Норман Луис

Категорија:Мемоари