Вентролатералната медула е регион во продолжениот мозок (латински: medulla oblongata) и дел од ретикуларната формација во мозочното стебло (лат. Formatio reticularis), кој игра голема улога во регулирањето на артерискиот крвен притисок и дишењето . Вентролатералната медула го регулира крвниот притисок со регулирање на активноста на симпатичките нерви кои се насочени кон срцето и периферните крвни садови.

Вентролатералната медула се состои од рострална вентролатерална медула (RVLM) и каудална вентролатерална медула (CVLM). Невроните во RVLM проецираат директно до симпатичките преганглионски неврони во ' рбетниот мозок (лат. Ncl. intermediolateralis) и одржуваат тонична активност во симпатичките вазомоторни нерви, т.е. се одговорни за базалниот вазомоторен тонус на артериските крвни садови и затоа се наречени пресорна област на мудулата. Активноста на невроните во RVLM е инхибирана од инхибиторни GABA-неврони од CVLM.

Наводи

Категорија:Рефлекси Категорија:Симпатички нервен систем Категорија:Медицина Категорија:Физиологија на човекот