Брускета е антипасто (предјадење) од Италија што се состои од печен леб на скара намачкан со лук и прелиен со маслиново масло и сол. Варијациите може да вклучуваат додатоци од домати, зеленчук, грав, суво месо или кашкавал. Во Италија, брускетата често се подготвува со помош на брустолина скара.

Видови Популарно јадење е брускетата со домати; еден рецепт популарен надвор од Италија вклучува босилек, свеж домат, лук и кромид или моцарела. Брускетата обично се служи како закуска или предјадење. Во некои земји, подготвениот прелив се продава како брускети.

Во регионот Абруцо во Италија се служи варијација на брускети направена со салама наречена вентрицина. Суровите свински производи и зачини обвиткани во свински мочен меур стареат и пастата се нанесува на отворени парчиња леб кои понекогаш се печат на скара. Јадењето било развиено како начин за спасување на лебот што застарувал. Во Тоскана се нарекува фетунта и обично се служи без додатоци, особено во ноември, за да се вкуси првото масло во сезоната.

Историја Брускетата потекнува од Италија во текот на 15 век. Сепак, јадењето може да се проследи наназад во Стариот Рим, кога одгледувачите на маслинки ги носеле своите маслинки во локална преса за маслинки и дегустирале примерок од нивното свежо цедено масло користејќи парче леб.

Етимологија Именката bruschetta (множина bruschette) доаѓа од глаголот на римскиот дијалект bruscare, еквивалент на италијанскиот збор abbrustolire што значи „запекува“ или „да се пече на јаглен“. Запекувањето на лебот и натопувањето со свежо цедено маслиново масло е „практика веројатно стара колку и самиот Рим“.

Во Соединетите Држави, зборот понекогаш се користи за да покаже на подготвен прелив, кој се продава во тегли и обично на база на домати, наместо леб, нешто што им е е непознато на италијанците.

Белешки и наводи

Надворешни врски

Временска рамка за храна: брускети и леб од лук

Категорија:Италијанска кујна Категорија:Статии со микроформати hAudio