мини|Стапчиња леб Стапчиња леб, исто така познати како грисини, грисино или стапчиња за потопување, се стапчиња со големина на молив направени од остар, сув печен леб кој има потекло од Пиемонт, регион во Италија.

Историја Се смета дека потекнува од далечната 1643 година, кога еден игумен од Фиренца опишал леб со долг облик што се правел во Ланзо Торинезе, надвор од Торино. Традицијата кажува дека потекнува од регионот на Пиемонт во 17 век, кој бил измислен од страна на пекарот Антонио Брунеро, од Торино. Тоа било храна што била измислена за да биде полесно сварлива за војводата Виктор Амадеус II од Савој, кој имал дигестивни проблеми во неговото детство.

Послужување Во италијанско-американските ресторани, грисини или стапчиња леб, најчесто се понудени како предјадење. Стапчињата леб може да се комбинираат со состојки како што е пршута и орев.

Во повеќето северноамерикански ресторани, грисините се многу меки, најчесто прелиени со путер, лук и сирење кога се служат како мезе; како десерт, може да се прелиаат со цимет, шеќер, и глазура.

Готови, сушени стапчиња леб може да се најдат на пазарите како брза ужина или предјадење пред оброк за домашна употреба, нешто слично на крекер. Најчесто се служат со некој вид на натопување, како сирење.

Поинаков рецепт за грисини, наречени роскуилиетас, постои во Валенсија.

Поврзано

Багет Ѓеврек

Наводи

Категорија:Валенсија (автономна заедница) Категорија:Италијанска кујна